
Како дел од новиот ProActive пакет за физички лица на ПроКредит Банка, оваа премиум Mastercard World дебитна картичка овозможува пристап до услуги и поволности за корисниците – комплетно решение во една картичка, од самото поаѓање и за време на целото патување.
Доколку и тебе ти е мака од аеродромските гужви и редици, ProActive картичката ти нуди удобно премиум искуство - без чекање во ред, во пријатна атмосфера, со Wi-Fi и пијалак.
Картичката обезбедува пристап до Mastercard Travel Experiences, меѓу кои и Fast Track услуга за прескокнување на редот на над 70 аеродроми низ светот преку платформата Dragon Pass, како и попусти во одбрани ресторани.
Корисниците на ProActive картичката исто така добиваат право на шест бесплатни влезови годишно во LoungeKey салоните на повеќе од 1.500 аеродроми низ светот. Условот за користење на оваа поволност е да се направат картични трансакции со износ од минимум 250 евра во претходниот календарски месец.
Дополнителна предност којашто овозможува релаксирано патување е вклучениот Mastercard Global Data Roaming, кој се активира преку апликацијата Flexiroam. Секој корисник три пати во годината добива бесплатен 1 GB мобилен интернет кој може да го искористи во рок од 5 последователни дена во повеќе од 200 земји.
За сите кои сакаат да носат и готовина со себе на пат, картичката овозможува бесплатно повлекување на евра од банкоматите на ПроКредит Банка, во секое време.
Покрај сите предности за патувања, корисниците на ProActive сметка и картичка за една пакет цена месечно уживаат уште многу други придобивки:
- денарска и девизна сметка
- неограничено користење на дигитално банкарство (мобилно и електронско), без дополнителни провизии
- неограничени плаќања во земјата, без провизија
- неограничени подигнувања на готовина од сите банкомати во земјава, без провизија
- бесплатни приливи од странство преку коресподентна банка ПроКредит Германија
- бесплатни СМС известувања
ProActive MasterCard World дебитната картичка е изработена од биоразградлив материјал, во согласност со посветеноста на ПроКредит Банка кон одржливост и одговорно банкарство.
Од секоја месечна провизија за ProActive пакетот банката издвојува 30 денари за поддршка на локални општествено одговорни иницијативи. Корисниците ќе бидат редовно информирани за проектите кои ги поддржуваат со својата сметка, и можат да дадат свои идеи за следните донации.
Отворањето на ProActive сметка е брзо и лесно, целосно онлајн, без потреба од посета на експозитура, со бесплатна достава на картичката на адреса. Сите детали за ProActive пакетот за физички лица се достапни на веб страницата на ПроКредит Банка.
(Комерцијален текст)