Во духот на празничната магија и во желбата да се споделат моментите во овој период кога сите се чувствуваат понесени од емоции, преплавени од сознанието за завршувањето на оваа и возбудени од она што ги очекува во новата година, восхитени за времето што ќе го поминат со најблиските во празничниот период, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија одлучија на своите корисници и на сите сограѓани да им приредат незаборавно доживување, глетка која ќе ги израдува, пејсаж што ќе им ги збогати доживувањата - обојувајќи го целото Скопско Кале во магента.
Калето осамна во бојата на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, чија идеја беше да им понудат на Скопјани да се разбудат покрај Кале обоено во магента во чувство и уверување дека сé е возможно, дека секој голем сон почнува со една единствена замисла и дека за сé што посакуваат треба да имаат сила, трпение и страст за да посегнат по ѕвездите и да го променат светот на подобро.
„Ние веруваме во магента. Веруваме дека на нашите корисници можеме да им понудиме дополнителна вредност и дополнителна можност да ги раскажат своите доживувања на најблиските. Веруваме дека соединуваме приказни, луѓе и настани. Веруваме во бакнување, во прегратки, во споделување. Веруваме дека среќните луѓе се најубави луѓе. Веруваме дека новата година е уште една убава година за сите нас и... веруваме во чуда. Затоа за нас магентата не е само боја, магентата е став" - изјави Димитар Ковачевски, директор за корпоративни комуникации во Македонски Телеком.
Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија се определени да бидат блиску до своите корисници и да ги поддржуваат нивните потреби, барања и соништа и затоа се едни од најголемите поддржувачи на многу настани на компании и поединци, збиднувања во културата, музиката и многу социјални случувања во Македонија, но и понатаму ќе продолжат да креираат уникатни и напредни идеи и единствени моменти вредни за споделување.
(комерцијален текст)