Во категорија на повеќе од 50 интернационални настани, нашиот Скопје Стрит Фестивал освои две втори места во категориите „Најдобар културен настан" и „Најдобар Фестивал". Во комисијата на оваа конференција проектите беа оценувани од познати светски експерти од областа на маркетинг и евент индустријата.
"Признанијата добиени од една ваква еминентна институција, несомнено не мотивира на Скопје да му подариме уште подобри настани. Евент Менаџмент индустријата во глобални рамки е во огромен пораст. Луѓето се се' позаситени од информации и се во постојана потрага по нови искуства. Наша одговорност како компанија е да бидеме иновативни и да ги инспирираме компаниите да завземат дел од вакви интерактивни проекти," изјави Деспина Козаровска, од Подиум Македонија.
Четвртото издание на Скопје Стрит Фестивал е најавено за 10-11 јуни оваа година.
"Концептот на Скопје Стрит Фестивал и оваа година во себе ќе вклучува 6 интерактивни стејџа кои се отворени и креирани од самите учесници. Ова не е само обичен фестивал, туку платформа која во себе има одлична програма и креира нови искуства. Сигурни сме дека ентузијазмот и пасијата со која работи целиот тим, ја освои комисијата на глобалната конференција "Eventex" и ни ги донесе овие две престижни признанија," изјави Ален Јегени, од Подиум Македонија.
Организаторите и оваа година најавуваат уникатно фестивалско искуство и одличен интерактивен концепт кој повторно ќе го разбуди Скопје.
Слики од ланскиот Скопје Стрит Фестивал, тука
(комерцијален текст)