Промоцијата ја одржаа проф. д-р Теон Џинго, проф. д-р Виолета Ачкоска и доц. д-р Иванка Додовска.
Посетителите можеа да се информираат за дел од плановите и идеите на Трамп, како и конкретните идеи за нивна реализација.
Арс студио ги има ексклузивните права за македонското издание на книгата Повторно величествена, која можете да ја купите единствено на нивниот штанд.
Во вториот дел од денот се одржа панел-дискусија на тема Стрес и справување со стресот во современиот живот.
Со оглед дека стресот е најголемиот непријател на денешницата со кој секојдневно се соочуваме, нашиот гостин, доц. д-р Мирослав Пендароски, нè запозна со новите наслови од областа на психологијата, меѓу кои и Прирачник за стрес, здравје и справување со стрес од Сузан Фолкман. Новите технологии, новите мултидисциплинарни пристапи, научната љубопитност и барањата на јавноста во последните 30 години придонесоа за подем на истражувачките потфати фокусирани на стресот, справувањето со стрес и здравјето. Исто така, освен Прирачник за стрес, здравје и справување со стрес од Сузан Фолкман, беа промовирани уште два наслова, Природата на предрасудите од Гордон Олпорт и Човечовата потрага по смисла од Виктор Франкл.
Во рамките на предвидената програма на Арс студио за деновите на 29. Саем на книгата, денес од 14 часот, во Промотивниот центар во хала 2 ќе се одржи панел-дискусија на тема „Младите и кариерата – теорија и практика. Предизвиците во современиот свет” и промоција на нови наслови од областа на човечките ресурси.
(комерцијален текст)