ПАРК ХОТЕЛ И СПА ЈА ОТВОРА НАЈГОЛЕМАТА ТЕРАСА ВО ГРАДОТ

Во наредните две недели ве очекуваат бројни промоции, настани со бендови во живо, диџеи и многу забава во текот на целиот ден

Парк Хотел и Спа кој се наоѓа на кејот на реката Вардар, го најави отворањето на најголемата тераса во градот, овој петок, на 19 мај, 2017г. Во следните две недели посетителите ќе можат да уживаат во бројните настани. Промоции на мениата во рестораните и кафулињата, забава со бендови во живо, диџеи, кино под отворено небо за млади и возрасни се само дел од понудите кои се планирани во Парк Хотел и Спа, како и целиот комплекс со сите аутлет објекти FOUR, Fitness & Spa, Brick bar, Twins Kitchen and Wine, Fitness Healthy Bar, Little Box, Fun House и Кафе Река.

Големи летни изненадувања се очекуваат во текот на летниот период на најголемата тераса на градот.  Во ресторанот FOUR како дел од Парк Хотел препознатлив по својата топла, пријатна атмосфера и извонредна храна ќе ви ги разбуди вашите сетила со внимателно одбраната агенда на активности. Како за старт на двонеделната програма, денес се организираше Sushi Brunch, подготвен од врвниот  мајстор за суши, кој го престави големиот избор на маки, ролс и нигири понудата на ресторанот.

Уште многу изненадувања се подготвуваат, бидете постојано во тек, следете ја програмата на официјалната веб страната на хотелот,  како и на социјалните мрежи на профилите на сите објекти во комплексот.  Погледнете ја целосната програма тука: http://parkhotel.mk/park/wp-content/uploads/2017/05/HP_opening-terrace_programa_web_final-2.pdf

Ве очекуваме!

(комерцијален текст)

18 мај 2017 - 10:43