Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Србија и Кина ќе потпишат 30 важни договори

8 мај 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • За време на дводневната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Србија ќе бидат потпишани 30 важни договори а во пет клучни области Србија очекува милионски инвестиции.
  • Тоа се енергетика, инфраструктура, земјоделство, високотехнолошка преработувачка индустрија и услуги на вештачката интелигенција.
  • „Нашите две земји секогаш меѓусебно се почитувале и си верувале една на друга. Претседателот Вучиќ и јас развивме добри работни односи преку нашите средби, телефонски разговори и размена на писма. Двете страни во целост го почитуваат изборот на сопствениот народ за развоен пат, се залагаат за принципите на правда и правичност и меѓусебе се поддржуваат во суштинските интереси од највисоки важност за нас“, напиша Џинпинг во авторско писмо објавено во Политика.
  • Кинескиот претседател предводи делегација од 400 луѓе.
извор

За 24 часа во Шпанија упаднале 60.000 мигранти

31 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повеќе од 60.000 мигранти од Мароко упаднале на шпанската територија Сеута во изминатите 24 часа, објави претседателот на енклавата со 83.600 жители.
  • Во хаотичната инвазија преку море и преку оградата загинале најмалку 43 луѓе.
  • До денеска попладне, околу 37.500 доброволно се вратиле во Мароко. Другите настојуваат да продолжат кон континенталниот дел на Шпанија - поттикнати од неодамнешната одлука на премиерот Педро Санчез да легализира половина милион мигранти.
  • Премиерот ја нарече ситуацијата „напад“ и вината ја префрли врз организираните шверцери на мигранти.
  • Санчез додаде дека Мадрид соработува со властите во Рабат за враќање на сите нелегални мигранти во Мароко што е можно побрзо. Полицијата од мароканската страна денеска со пендреци и солзавец спречувале уште илјадници луѓе што настојувале да се префрлат во Шпанија.
  • ЕУ ја оцени ситуацијата како „неприфатлива“ и инсистира дека „враќањата мора да бидат брзи, како што дозволуваат правилата“. Европската комисија ѝ вети помош на Шпанија да се справи со кризата.
  • „Снимките од Шпанија се тажен потсетник за последиците од масовната миграција и од радикално левичарските глобалистички политики што ја овозможија инвазијата врз Западот“, оцени американскиот потпретседател Џ.Д. Венс.
извор

Зеленски бара ракети, Трамп бара мир

31 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Доналд Трамп изјави дека сè уште не одлучил дали ќе ѝ дозволи на Украина да добие лиценца за произведување на американските пресретнувачки ракети „Патриот“, кои се приоритет на Киев за одбрана од руските напади.
  • „Тоа е навистина извонредно оружје и... мораме да бидеме малку внимателни на кого му доделуваме лиценца. Ние всушност не доделуваме лиценци за опрема“, изјави Трамп.
  • Продажбата на ракети и лиценцата за производство биле главните теми на разговорите на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот во Белата куќа. По средбата, Зеленски изјави дека Трамп се согласил да ѝ даде лиценци на Украина.
  • Трамп вчера изјави дека е фокусиран на крај на војната во Украина и дека во наредните денови ќе ги испрати своите специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф во прва дипломатска мисија во Киев.
  • „Наједноставно кажано, сакаме да заврши војната на Русија во Украина. Не барам ракети. Бараме мир“, изјави Трамп.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Заради вакви срања луѓе си одат од Македонија

2

Искрено со идолот

Македонштина
3

Инвазија од африкански мигранти врз Шпанија

Свет
4

Уште ова го немавме видено за време на интонирање химна

Фудбал
5

Илон Маск: Илјада посто Америка ќе банкротира

6

Хоророт на Кензо Танге

Македонски рулет
7

Го ослободија Кувајт од Садам, не можат да го одбранат од Иран

Свет
8

Ништо не може да нè сопре!

Македонштина
1

Заради вакви срања луѓе си одат од Македонија

2

Инвазија од африкански мигранти врз Шпанија

Свет
3

Илон Маск: Илјада посто Америка ќе банкротира

4

Го ослободија Кувајт од Садам, не можат да го одбранат од Иран

Свет
5

Татко на денот: Мик Џегер

6

Јорданците бараат американските трупи да си заминат

Свет
7

Мицкоски бара Обвинителството да постапи за 400 пријави од 2021 година за неквалитетна вода во Гостивар

8

Војната од Иран се прошири до Средоземно Море

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Искрено со идолот

Македонштина

Ништо не може да нè сопре!

Македонштина

Учиме непознати термини: Заштита при работа

Разно

Охрид во 1970

Македонштина

Да не згрешите дека е Норвежанец

Балканштина

Три промили во голманот е доволно за пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Најдобриот филм што никогаш не беше снимен

Трговска имагинација

Како да се трудиш без да се трудиш?

Зошто на Скопје му треба вовче

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy