- Премиерот Роберт Фицо најави дека Словачка нема да учествува во новата програма на Европската Унија за кредитирање на Украина, вредна 45 милијарди евра.
- Фицо вети дека Братислава ќе продолжи да ѝ дава хуманитарната поддршка за Украина, но не прифаќа кредитирање за воени цели затоа што така само се продолжува војната.
- Спорот околу финансиската помош од за Киев ќе биде на дневен ред на денешниот состанок на Вишеградската група – Полска, Чешка, Словачка и Унгарија – на кој ќе присуствува и австрискиот канцелар.
- Заклучоците ќе бидат изнесени на самитот на ЕУ на самитот на крајот од оваа недела, на кој ќе се расправа за буџетот на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година. Германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна се закани со блокирање на седумгодишниот буџет на ЕУ ако сите земји-членки не се обврзат на финансирање на Украина.
- И бугарскиот премиер Румен Радев неодамна во Даблин најави дека Софија повеќе нема да обезбедува оружје или финансиска помош за Украина. Поддршката од Бугарија ќе биде строго ограничена на хуманитарни и медицински потреби, како и на обновување на енергетскиот сектор.
- Двонеделните климатски преговори во Анталија завршија без конечна одлука, откако земјите не успеаја да ги надминат разликите околу две теми: парите и дали експлицитно да се спомене напуштањето на фосилните горива.
- По повеќе од две недели преговори, кои се продолжија со дополнителни два дена, турскиот претседавач со конференцијата, Мурат Курум, на завршната пленарна седница изјави дека е јасно оти нема договор и дека нема да понуди никаков нов текст.
- „Не може ништо повеќе да се направи, сторивме сè што беше во наша моќ“, рече тој. „Ќе нема нов текст“.
- ЕУ го одби текстот заради неспомнување на фосилните горива а многу посиромашни земји имаа приговори поради отсуството на какви било јасни финансиски обврски од страна на побогатите нации за да им се помогне да се прилагодат на последиците од порастот на температурите.
- Последен пат кога главниот политички договор на ваква климатска конференција пропадна беше во 2009 година во Копенхаген.
- Претседателот на тој ентитет, Саво Миниќ, најави дека на парламентот ќе му го предложи Игор Додик за премиер.
- „Тој е најмлад мандатар во историјата на Република Српска и очекувам до средината на декември да ја комплетира владата,“ изјави Миниќ.
- Долгогодишниот лидер на Република Српска, Муилорад Додик, кој има забрана за бавење со политика шест години претходно го опиша синот како „најперспективно име“ во владеачката партија на независните социјалдемократи и рече дека нејќе да биде кочен само затоа што му е син.
- Игор Додик најави дека неговата влада ќе ја уважува ЕУ само ако Унијата ја уважува Република Српска.