Ревијалната трка од Порта Македонија, со должина од 1.500м ја извозеа сите учесници од најмалите во бебе колички до најголемите вело-ентузијасти. На целта во градскиот парк за учесниците, но и за посетителите во изобилство обезбедени беа голем број на подароци, изненадувања и освежувања.
Детската претстава во изведба на Тања Кочовска како и бендот “Бета хаус“ дополнително ја загреваа атмосферата и придонесоа за бројни насмевки во паркот.
За време на настанот, за присутните медиуми г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје изјави: „Ме радува што гледам толку голем број на граѓани сплотени за една иста идеа. Тоа значи дека сме допреле тема значајна за сите возрасти и за сите граѓани, па среќни сме што можеме заедно да ја поддржуваме! Стопанска банка ќе остане посветена и уште повеќе активна во иднина, донирајќи нова урбана опрема која во фокусот ќе го има велосипедизмот.“
Стопанска банка заедно со град Скопје на денот на настанот го презентираше и почетокот на поставување на урбаната опрема, донација од #ВПВЗ vol.2 – 105 паркинзи и 5 модерни станици за поправка на велосипеди кои ќе ги има на повеќе локации низ градот во согласност со препораките на активистите, промотори на велосипедизмот.
Секако, со учество во „Вози право, вози здраво“ vol.3 кумулативно извозените 5.250км Банката повторно ќе ги преточи во донација на урбана опрема, фокусирана на развивање на сообраќајната и велосипедската култура. Предлозите од граѓаните се добредојдени.
Уште еднаш, Стопанска банка АД – Скопје изразува голема благодарност за учесниците, јавноста која го прифати настанот, компаниите кои се приклучија (Макпрогрес, Виталиа, Пивара Скопје, Фриком, Кодинг и Никоб), СВР Скопје кои се погрижија за безбедноста на учесниците во ревијалната трка и секако Град Скопје за поддршката на иницијативата за овој убав настан.
Фотографии од настанот како и повеќе информации за лотаријата може да најдете на веб страницата на Банката како и на Facebook.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна
(комерцијален текст)