Доколку пропуштивте да погледнете некои од блокбастерите или сакате повторно да погледнете некој филм кој ве воодушевил, во периодот од 1 до 30 април ќе ги прикажуваме најдобрите и најгледаните 15 филмови од минатата година. Покрај овие филмови на репертоарот ќе се појават и некои филмови кои го одбележаа почетокот на оваа година.
За сите љубители на научната-фантастика ќе биде прикажана седмата епизода на „Војна на ѕвездите: Силата се буди", додека сите фанови на тајниот агент Џејмс Бонд ќе можат да уживаат уште еднаш во 24тото продолжение на франшизата под името „Спектра". Годината ја одбележа и оскаровецот Леонардо Ди Каприо за најдобра машка улога во филмот „Повратник" на режисерот Ињариту, романтичниот филм „Педесет нијанси сиво" и авантурата за искачување на највисокиот планински врв на светот „Еверест".
Уживајте во продолжението на одличната комедија „Тед 2", акцијата „Брзи и бесни 7" во која за последен пат се појавува Пол Вокер, враќањето на Стивен Спилберг како извршен продуцент на долгоочекуваното продолжение „Светот Јура", трилерот „Мост на шпионите" со Том Хенкс и приказната за големиот колапс на економијата „Обложување на столетието".
Најмладите посетители на киното Cineplexx ќе можат да уживаат во анимираните авантури „Алвин и верверичките: Големото патешествие", „Малиот принц", „Хотел Трансилванија 2", „Снупи и Чарли Браун" и „Мињони".
(комерцијална објава)