Како три генерации жени во Македонија го користат своето време

Македонките во просек минуваат 105 минути дневно во шопинг

Анализата во врска со користењето на времето е забавна за набљудување на феномените кој ни откриваат како и каде Македонките го поминуваат своето време. Младите Македонки се хедонисти и додека тие во голем дел од денот спијат, јадат и времето го поминуваат на социјални медиуми и на лични потреби, очекувано постарите жени најголем дел од своето време да го минуваат на некој облик на платена или неплатена работа. Податок што не изненадува е дека Македонките над 65 години најголем дел од денот гледаат телевизија.

ДЕВОЈКИТЕ НАД 15 ГОДИНИ ПО 2,5 ЧАСА ДНЕВНО НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ
Младите девојки во Македонија на возраст од 15-29 години своето време највеќе го поминуваат во задоволување на лични потреби како пиење, јадење, облекување, дремење, лежење и гледање телевизија на што им поминува речиси половина ден, а се будат помеѓу 7.30 и 8 часот во работни денови и заспиваат околу 23 часот. Во работни денови во просек учат само 2 часа дневно, а за викенд дури и помалку од 1 час дневно. Интересно е што секоја десетта девојка на пладне сеуште спие и исто толку девојки се будни во 2 часот по полноќ. Девојките на оваа возраст во просек гледаат телевизија околу 2,5 часа дневно, а исто толку време поминуваат и на социјални медиуми и на шопинг, што најчесто го прават во големите шопинг молови за време на најголемите попусти и поволности за потрошувачите. Младите Македонки сакаат здрав живот и добар изглед, па ја одржуваат својата форма во просек по 33 минути дневно практикувајќи некаква физичка активност.

ПОЛОВИНА ОД ЖЕНИТЕ НАД 30 ГОДИНИ ПО 21 ЧАСОТ ГЛЕДААТ ТЕЛЕВИЗИЈА
Македонките помеѓу 30-64 години дневно во просек на работа поминуваат околу 8 часа.
За разлика од младите девојки, овие жени и по 5 часа го чистат домот, пеглаат и ги негуваат децата и сопругот. Мал е бројот на жени кои возат велосипед и тоа го прават во просек по 40 минути дневно. Во 6 часот секоја десетта жена е будна, а од 7 секоја четврта. Навечер повеќе од половина од жените гледаат телевизија. Тие сакаат да пијат кафе, малку читаат, малку спортуваат или се забавуваат. Единствен вентил им е шопингот, на купување трошат околу 50 минути дневно во друштво на своите ќерки или мајки. За трите генерации жени во Македонија се креирани и најразлични активности и попусти по повод денот на жената 8 март, пазарувајќи и заштедувајќи 30% од својот буџет.

ЖЕНИТЕ НАД 65 ГОДИНИ ДНЕВНО РЕЧИСИ ВООПШТО НЕ КОРИСТАТ КОМПЈУТЕР
Постарата генерација жени, над 65 години, најмногу време поминува во задоволување на личните потреби, над 12 часа. По тоа следат слободните активности и домашнните обврски за кои им требаат 5 часа дневно. Тие и малку повеќе спијат и повеќе време им треба за оброци отколку на другите старосни групи. Овие жени сакаат да практикуваат дневни ритуали па така, во пиење кафе овие жени трошат во просек нешто помалку од два часа. Постарата популација го користи и попладневниот одмор, а гледа телевизија и по 3,5 часа дневно.

Жените над 65 години многу малку време поминуваат во некаква физичка активност и тоа е најчесто прошетка, 16 минути дневно посветуваат на читање, а на работа на компјутер само 3 минути дневно. Оваа група жени на шопинг троши нешто помалку од 20 минути дневно.

Оваа анализа го потврдува стереотипот кој важи на овие простори дека без разлика на која генерација и припаѓаат, жените два пати повеќе време трошат на неплатени обврски дома, отколку на платена работа и тоа станува нивна таканаречена „втора смена".

За да уживаат во пазарењето сите три генерации жени во Македонија за овој 8-ми март Скопје Сити Мол подготви специјално изненадување, па така на 5, 6, 7 и 8-ми март тој ќе ќе биде главната дестинација за шопинг и опуштање благодарејќи на празничните попусти. За повеќе информации посетете го следниот линк http://www.skopjecitymall.mk/5678-mart.

(комерцијален текст)

 

3 март 2016 - 12:28