Она кое ја прави оваа понуда неодолива е убавината на Маврово преку целата година, самата местоположба на објектот која е на само 150 метри од ски лифтот кој води до едни од најубавите терени за скијање на Балканот или пак за оф-роуд возење на велосипеди, како и бесценетиот поглед - дел од апартманите се свртени кон Мавровското езеро, а дел кон бујната и раскошна шума.
Апартманите во комплексот се со квадратура од 30 до 50 м2, а целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со високо квалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија, високо квалитетни увозни керамички плочки, а во секој апартман, како и во заедничките простории се поставени и термоизолациони стакла. Купувачите ќе добијат клуч на рака - целосно опремени тоалети со сите неопходни елементи и содржини.
За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk или пак фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/
(комерцијален текст)