Горско пиво со збогатен вкус и во ново пакување

Под мотото „Твое пиво, твој начин“, „Пивара Скопје“ официјално го пушти во продажба „Горско пиво“ во ново пакување и со збогатен вкус. Од компанијата велат дека со пуштањето на пазарот на збогатеното „Горско пиво“ всушност заокружуваат еден подолг технолошки процес, чија главна цел беше да се одговори на потребите на потрошувачите, особено на љубителите нa светли пива со полесен вкус во кој спаѓа и „Горско“.

Иако брендот „Горско“ е реалтивно помлад член на семејството пива оргинално произведени од страна на „Пивара Скопје“ , уште од неговото појавување во 2003 година успешно се позиционираше на македонскиот пазар. Денес на неговиот 15 годиншен јубилеј, континуитетот на оваа успешна приказна го заокружуваме со збогатување на неговиот вкус и освежување на неговиот изглед. Очекуваме дека со ваквиот чекор „Горско“ дополнително ќе ја зацврсти неговата пазарна позиција освојувајќи ги вистинските љубители на пивото, изјавија од „Пивара Скопје“

Со носечката порака на кампањата - „Твое пиво, твој начин“, преку која ќе се претстави новиот изглед на пивото и ќе се одбележи неговиот јубилеј, од „Пивара Скопје“ велат дека сакаат да ја одважат инвентивноста прикриена во секое ќоше од нашата земја, која извира од луѓето како еден вид на непроценливо богатство со кое располагаме.

Токму тоа и претставуваше главната инспирација за кампањата, затоа што токму таков е и самиот карактер на брендот „Горско“ - пиво кое ги слави и обединува сите оние кои што знаат да го живеат животот на свој начин. Со новиот изглед и збогатениот вкус само ја прославуваме успешната приказна која што изминативе 15 години брендот ја изгради заедно со неговите верни потрошувачи, истакнаа од „Пивара Скопје“.

(комерцијален текст)

 

16 мај 2018 - 15:19