
По тој повод, ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА на 1.12.2016 година (четврток) со почеток во 19 часот во Галеријата ФЛУ при Педагошката академија во Скопје.
На изложбата ќе имате можност да уживате во најновите дизајни на светилки, мебел, техника, играчки, декоративни предмети и низа други производи изработени од вештите раце на младите дизајнери и со примена на најсовремени дизајнерски методи и алатки, а кои се резултат на нивната посветеност да се задоволат префинетите фантазии, желби и потреби на современиот човек.
На изложбата ќе биде промовирана брошура во која се презентирани 127 од претставените дела, групирани во повеќе области според стилот и намената. Оваа брошура е издадена со поддршка на Министерството за Култура на Република Македонија и Машинскиот факултет во Скопје.
(братски текст)