- Години наназад, според упатствата на Американската асоцијација за срце, на возрасни лица над 65 години со притисок повисок од 130 со 80, задолжително им била давана соодветна терапија.
- Веќе не. Според новите упатства, терапијата не се препишува по автоматизам туку треба да се земат во обзир и други фактори за кардиоваскуларен ризик.
- Промената се објаснува со потребата од поперсонализиран пристап кон болеста, наместо третирање со едно генерално правило.
- Со анализа на постоечките пациенти се утврдило дека на околу десет проценти од нив, според новите критериуми, не им требаат апчиња за намалување на притисокот.
- Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
- Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
- Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
- САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.