- Децата под петгодишна возраст треба да бидат ограничени на еден час дневно поминат пред екран, додека децата под две години не треба сами да гледаат, се вели во новите државни упатства на Велика Британија.
- Родителите се советуваат да се избегнуваат видеа со брзо темпо и секогаш кога е можно, заедно да гледаат со децата. Се советуваат и да ги заменат екраните/мониторите со заедничко читање приказни или играње едноставни игри за време на оброците.
- Науката вели дека дека долгите периоди поминати пред екрани можат да влијаат на сонот и физичката активност на децата, кои се клучни за нивниот развој.
- Статистиката вели дека веќе до двегодишна возраст, 98% од децата секојдневно гледаат во екран.
- Родителите се потсетуваат дека слабо фајде ќе има од ограничувања за децата ако тие самите имаат поинакви секојдневни навики.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.