Во Деца.мк отворено ќе зборуваме за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат родителите и децата, за современите техники на воспитување и учење и сѐ што е потребно за успешно и одговорно родителство и здраво и среќно детство.
За таа цел, нашиот нов портал соработува со лекари, психолози, социолози, педагози, дефектолози, логопеди и уште многу други професионалци од земјава и надвор од неа, секој докажан во својата област. Тие со своите совети секојдневно ќе се обидуваат да го олеснат секој нов предизвик на нашите читатели поврзан со правилното одгледување и воспитување на децата.
Сето тоа ќе го надополнуваме со животни приказни од нашето секојдневие, со приказните на успешни, талентирани и надарени деца, а во нашиот фокус ќе бидат и ранливите групи на кои им е потребна постојана помош за олеснување на функционирањето и за зголемување на квалитетот на нивниот живот.
Деца.мк има заштитен лик – девојчето Биби, кое го создадовме заедно со илустраторот Тхе Мичо, со детската писателка Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и музичкиот продуцент Бобан Апостолов.
Погледнете ја видеонајавата.
Преку тој лик наскоро со краткометражни анимирани филмови и печатени изданија ќе понудиме многу креативни содржини, интересни и корисни и за родителите и за децата.
(комерцијален текст)