
На оваа платформа, младите ќе имаат можност да се запознаат, да споделат сопствени искуства и да се стекнат со корисни знаења и информации во врска со професионалните можности и настани кои се случуваат во регионот.
"Ајде!" е конструктивен дигитален медиумски простор за младите од регионот, и докажува дека бариерите не мора да бидат пречки, туку можност за раст, развој и успешна регионална соработка. Името на платформата е карактеристично, затоа што зборот „ајде“ го има истото значење на сите јазици од овој регион и затоа што симболиката на императивот „ајде“ е поттик за акција и движење. Ајде да соработуваме, да создаваме нови вредности и да се движиме во насока на подобра иднина.
Бранислава Коларов, една од младите новинари кои работеа на оваа платформа, вели: „Имајќи можност да ги опфатиме приказните кои се однесуваат на сличностите и уникатноста на нашиот регион, ние бевме насочувани од нашите професори, како ментори во оваа активност. Во текот на програмава, создадовме силни врски со врсниците од целиот регион, па оваа група на луѓе и поврзаноста што ја создадовме сакаме да ја споделиме со нашите врсници во регионот преку нашата новинарска работа“.
Една од главните цели на „Ајде!“ платформата е да го промовира духот на помирување и соработка помеѓу младите луѓе од Западен Балкан. Посебен акцент е ставен на важноста на давање поддршка на младинската соработка преку организирање програми за размена. Ова е прва платформа од ваков вид и е создадена од млади луѓе, од нивните идеи и преку нивните визии.
Една друга млада новинарка, Киара Мања, вели: „Накратко кажано, сега сум позрела како човек и поподготвена сум како професионалец – сето тоа благодарение на ова неверојатно искуство. И ако можам да кажам дека, се пронајдов во работењето со извонредни луѓе кои секогаш беа тука да помогнат и да дадат поддршка без разлика на сè. И сите овие работи го направија ова искуство многу посебно“.
Како регионална платформа за поддршка, „Ајде!“ платформата им овозможува лесен и бесплатен пристап на младите луѓе да пронајдат содржини што ќе им помогнат да ги претворат своите планови и идеи во реалност. На платформата можат да се најдат разни категории во разни области како што се култура, спорт, уметност, стипендии, работни места и практикантство, волонтирање, работилници, конференции, натпревари и грантови.
Со користење на оваа платформа, младите ќе имаат можност да ги промовираат своите идеи и да посочат и дадат нови предлози за решавање на заедничките проблеми во области како што се животна средина, природно и културно наследство, јавно здравје и други содржини. Сè зависи од тоа која област ги интересира. „Ајде!“ и Регионалната платформа им даваат предност на младите бидејќи подобрата иднина и подобрите општества започнуваат со МЛАДИте.
„Ајде!“ платформата беше официјално покрената на 8 декември 2021 година, за време на регионалниот министерски состанок за млади и образование кој се одржа во Тирана и беше организиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), државниот министер за млади и деца на Албанија и Министерството за образование и спорт на Албанија.
„Ајде!" е управувана од Регионалната канцеларија, која е, всушност, регионална меѓувладина организација формирана од шесте влади од државите од Западен Балкан со цел позитивна размена на искуства меѓу младите луѓе во регионот.
(Комерцијален текст)