Пред сето ова шпанската асоцијација на фармацевти во своите извештаи открива драстичен раст на продажба на еден вид марамици за лице, што се користат за третман на акни и кои во себе содржат антибиотик. Како такви тие мора да бидат препишани од доктор, меѓутоа масовно почнале да биде „препишувани“ од Инстаграм влијателни со стотици илјади следбеници.
Освен што на овие луѓе не им е место да даваат такви препораки, шпанскиот закон стриктно забранува рекламирање на такви лекарства, бидејќи неконтролираната употреба може да предизвика здравствени проблеми.
Заради ваквото промовирање и предлагање здравствени решенија како да се препораки за книга или филм, асоцијацијата на фармацевти поднесува жалба до министерството за здравство.
Од министерството прво ги истражуваат видеата на Јутјуб на темава, а и самата видео платформа е контактирана од шпанските власти за да ја информираат дека според нивни закони забрането е поттикнувањето на консумација на лекови што се делат на рецепт.