Се работи за првите луѓе на компании како Тенсент, Алибаба и Бајтденс (Тикток), кои скоро и да се натпреваруваат кој ќе биде повоодушевен од новите правила на кинеската држава.
Така основачот на Тенсент, Пони Ма Хуатенг, изјавил „дека повторно ги чувствува грижата и вниманието што Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија, Државниот совет и сите нивоа на власта ги имаат посветено на развојот на интернет индустријата.“
Тој порачал дека Тенсент ќе продолжи да „одговара на потребите на државата и да инсистира технологијата да се користи за добро, и да промовира иновацијата на општествената вредност на одржливост, подобрување на квалитетот и ефикасноста на реформите, и да станат подобри и посилни преку регулиран развој“.
Претседателот на Алибаба, Даниел Жанг Јонг, изјавил дека регулативата што ја создава кинеската влада е со цел за „поздрав развој“, а нејзиното исполнување е предуслов за раст на бизнисот. Минатата година Алибаба беше казнет со 2,8 милијарди долари заради анти-монополски прекршоци.
Првиот човек на Бајтденс Кина пак ја пофали владата дена новите правиле дале „подобро чувство за насока“.
Сите овие хвалоспеви на новите кинески политики се случуваат за време на минатомесечниот сипозиум организиран од Агенцијата за сајбер-простор на Кина (ЦАЦ), на кој успеаа да се соберат првите луѓе на 27-те најголеми кинески технолошки гиганти, плус некои функционери.
Дисциплинирањето на кинеските технолошки компании започна кон крајот на 2020, и стравот што го предизвика кај акционерите збриша илјадници милијарди долари од нивната пазарна вредност затоа што постоеше голема веројатност некоја од овие компании да ја снема.