Гневните твитови (или како и да се викаат постовите на Веибо) е многу поверојатно да бидат ретвитувани (или на нив да биде одговорено) отколку останатите постови, ја пренесува MIT Technology Review студијата на кинескиот Универзитет Беихан.
Кинеското истражување се базира на анализа на 70 милиони постови на Веибо (кинескиот Твитер), во која се проверувала раширеноста на радоста, тагата, гневот и гадењето на ниво на социјална мрежа.
Радоста, гадењето и тагата немале ниту приближно влијание врз останатите, како гневот.
"Луѓето предложија секакви лекови за онлајн гневот, како задолжително откривање на идентитетот пред оставање на коментар на интернет. Сепак, никој не е сигурен дали ставањето крај на анонимноста ќе ги цивилизира троловите од коментарите. Другите проблеми со кои мислиме дека се соочуваме заради технологијата исто така не се посебно корисни. Се уште немаме лек за луѓето кои го проверуваат својот меил за време на вечера, ниту рецепт за насилните видео игри освен да го ограничиме нивното користење," пишува Брајан Фанг во Вашингтон пост.
Според него решението е создавање на подобра емоционална интелигенција, или склоп на апстрактни вештини кои би му помогнале на човек да се објасни без да влегува во конфликт.
"Прашањето е како да се создаде ова. Како што Њујорк Тајмс неодамна објави во некои основни училишта се почнуваат првите тестови за социјално-емоционално учење. Студентите сега минуваат низ детално учебна програма, за која критичарите велат дека многу повеќе е механичка отколку стимулативна. Меѓутоа студиите исто така покажаа дека емоционалната интелигенција, кога ќе биде постигната, се исплати подоцна на училиште, на работа, во бракот и во други области," објаснува Фанг.