За почеток, Манеш Сети прво преброил дека од една работна недела 29 часови ги троши на Редит и Фејсбук.
По ова објавил оглас дека барај некој што ќе му мава шамари за плата од 8 долари за час, секој пат кога тој ќе отвори Фејсбук. Веднаш по ангажирањето на една девојка за шамарање, продуктивноста на Сети се зголемила за 98%.
Тој објаснува дека продуктивноста не му се зголемила како последица на "стравот од шамар," туку пресудно било самото тоа што до него имало некој кој го поттикнува да се фокусира и кој бил достапен секогаш кога му требал некој за "бреинсторминг."
"Заклучив дека зборувањето на глас и обидите да ја објасниш твојата работа на некој друг, всушност ми помага да разберам што се обидувам да кажам и што се обидувам да направам," објаснува Сети.