Корисниците на Фејсбук и Инстаграм во одредени држави во иднина ќе смеат да повикуваат на насилство против руските власти и руските војници но само во контекст на украинската инвазија.
На списокот на дозволени мети е и рускиот претседател, а еден од ретките, или веројатно единствен, не-Русин, на кој ќе може да му посакуваат сите најлоши желби на светот, вклучително и смрт, ќе биде Лукашенко.
Ваквата дозвола за он-лајн линчување вклучува и две правила: во посакувањето смрт не смее да биде содржана локацијата на метата и не смеат да бидат наведени методите за убиство. Тие две работи треба секој сам да ги осознае.
Првата група држави кои ќе го добијат олеснувањето од Фејсбук се главно држави од Источна Европа: Ерменија, Азербејџан, Естонија, Грузија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Русија, Словачка и Украина.
Да, и од Русија ќе може да се повикува на насилство против руските војници (освен воени заробеници) и раководството на државата.
Минатата недела Русија целосно го забрани Фејсбук на своја територија, откако Фејсбук ги забрани руските медиуми на сопствената територија.