Официјално, американските и европските инвеститори имаат вбризгано 500 милијарди долари во кинески акции и корпоративни обврзници. Но тоа не ништо во однос на тоа колку американски и европски пари се слеваат во кинеската економија преку офшор дестинации кои ги контролираат големи кинески играчи. Тоа е цифра која се мери во трилиони.
Американските компании се наоѓаат во парадоксална ситуација. Заострување на финансиските политики ќе им донесе дополнителни проблеми а олабавувањето на тие политики нема да им донесе многу подобра атмосфера за бизнис. Федералните резерви проценуваат дека речиси 40% од фирмите имаат проблем и дека наскоро може да почнат да не плаќаат.
Наместо досегашното продавање на купувачот со најдобра понуда, западните компании што ќе сакаат да го напуштат рускиот пазар во иднина ќе можат да бидат купени од руската држава по повластена цена одредена од државата.
Изминативе месеци некои од најголемите глобални корпорации со неизмерни системи на проверка и одлучување, решија да свртат од стандардните пораки и најдиректно да ја поддржат разбудената идеологија, посебно во делот на промоција на транс-права. Секој што го направи ова му се случи крах на берза од милијарди долари и по него пак излезе нова компанија што го повтори истото.
По илјадници загинати цивили и војници, неброени разрушени фабрики и домови, и градови срамнети со земја, Украина и понатаму дозволува руски нафта и гас непречено да минуваат преку нејзина територија, нормално заради профит и за себе и за Русија.
Заради финансиски проблеми дел од кинеските градови ги намалија платите на своите службеници, а беше намален и обемот на државното здравствено осигурување. Кога некоја локална власт ќе заглави во буџетски проблеми, централната власт интервенира за да ја спаси. И покрај ова земјата никако да се нафати да почне да наплаќа данок на имот, најлесното решение на овие проблеми.
Илон Маск во еден твит објави дека се повлекува од позицијата ЦЕО на Твитер, дека оди на позицијата ЦТО (технолошки директор), дека има најдено замена и дека е жена.
Добрата вест за швајцарските производители на часовници е дека тие го најдоа својот сегмент на купувачи каде се раат од заканата од Епл и дека продажбата на Епл часовници бележи пад за 16%. Лошата вест е дека насловот и понатаму е точен.
Сопствениците на електрични Мерцедеси од моделите EQE и EQS во иднина за сосема симболични 60 или 90 долари месечно (во зависност од моделот) ќе може да си доплатат за нивниот нов автомобил да вози побрзо.
Постои еден интересен концепт за размена во кој наместо со пари или добра, работата и услугите се плаќаат со време. Ти завршувам работа од пола саат, ти ми даваш два временски жетона од по 15 минути со кои можам да платам некој да ми заврши некоја друга работа за 15 или 30 минути.
Првиот економист на британската централна банка им порача на своите сограѓани дека е време народот во земјата да се помири со тоа дека е посиромашен и така да почне да се однесува, во спротивно цените ќе продолжат да растат.
Речиси 100 сметки поврзани со германски нацисти и нацистички групи од Аргентина, сосема легално постоеле и функционирале во Кредит свис сите овие децении од завршетокот на Втората светска војна, а некои биле активни и до пред некоја година.
Пивскиот гигант Anheuser-Busch изгуби пазарна вредност од преку пет милијарди долари откако објави партнерство со ТикТок ѕвездата од транс-џендер провининенција Дилан Малвени. Сега пробуваат да ја менаџираат штетата од контра-реакциите и бојкотирањето.
Благодарејќи на крвопролевањето на берзите, поддржано од крвопролевањето низ Украина, платата на првиот човек на Ексон мобил, Дарен Вудс, за 2022 е порасната за 52% и изнесува 35,9 милиони долари.
ТСМЦ е кратенката за Тајван семикондуктор мануфактиринг компани, најголемиот производител на чипови во Тајван и во светот. Ворен Бафет, еден од најпрофитабилните инвеститори во светот, во февруари одлучи да ги продаде своите акции во ТСМЦ сред глобална криза и рекордна побарувачка на чипови.
Централната банка на Сомалија порача дека прв приоритет ѝ е да отпечати нови банкноти од националната валута. Последен пат во државата тоа се направило во дaлечната 1991 година. Како луѓето плаќале во меѓувреме? Со фалц пари.
Главна агенда на последниот состанок на АСЕАН, организација која покрива околу 670 милиони луѓе, била укинување на зависноста на регионот од долари, евра и фунти, во меѓусебните трансакции и наместо тоа префрлање на локални валути.
Заради остриот скок на каматните стапки Холандската централна банка (ДНБ) минатата година ја завршила со минус од речиси половина милијарда евра, нешто што им се нема случено од 1931.
Некогаш еден од столбовите на глобалниот финансиски систем, Кредит Свис груп АГ, по напнати 48-часовни преговори повеќе не постои, и за 3 милијарди швајцарски франци ќе се претопи во швајцарската банка УБС. За луѓето што ја следат банката, нејзиниот пропаст беше само прашање на време.
Лондонските банкари од британскиот огранок на пропадната Банка во Силиконската долина (SVB UK) добиле милиони фунти во бонуси, само неколку дена откако беше избегната нејзината несолвентност со спасувачки пакет организиран од Банката на Англија.
Најголемиот светски ланец за кафе Старбакс веќе извесно време е присутен во Италија но нема баш сјајни резултати во освојување на тој, во поглед на кафето конзервативен и традиционалистички пазар. Сега ќе пробале со линија кафиња инфузирани со - маслиново масло (?!). Викаат дека лизгало. Ајде?
Додека бројни земји ширум светот се мачат да ја стават под контрола растечката инфлација и порастот на цените, Швајцарија се чини мазно управува со кормилото на својата економија. За тоа говорат низа параметри според кои земјата се снаоѓа далеку подобро од сите други. Зошто?
На повидок е најголемата отштета во британската историја која ќе треба да ја платат двата глобални гиганти за плаќање и трансакции затоа што наплаќале маржи кои немаат никаква пазарна логика. Тужителите се надеваат и на 10 милијарди фунти.
Луѓе што се занимаваат со туѓи пари пресметале дека на човек му се потребни минимум 3 милиони долари на страна за да може лагодно да се пензионира. Истите овие можеа да кажат дека треба и сто милиони и ќе беа идентично достижни како и трите.