„Се разгледува потенцијална продажба на искусна и позната дилерска групација,“ изјавиле од Мерцедес.
Од компанијата ја отфрлаат можноста за затворање на некоја филијала, објаснувајќи дека сега се разгледува само дали истите можат да бидат продадени.
Се работи за вкупно 20 филијали, со 80 салони за продажба и 8.000 вработени. Процената е дека секоја филијала може да вреди до 40 милиони евра. Во изборот на идните сопственици ќе се гледа тие да имаат „искуство во автомобилска продажба“ и да гарантираат дека ќе ги задржат работните места во Германија.
Претходно Мерцедес ги продаде своите салони во Британија, Италија, Шпанија, Белгија и Чешка.