Глуп е оној што ова би го протолкувал како триумф во борбата против пластиката. Европа продолжува да троши неверојатни количества пени, бои, смоли и секаков друг производ што го произведуваат петрохемиските фабрики. Само што сега автохтоното производство се заменува со увозни производи.
Според Европската агенција за животна средина, еден Европеец годишно троши во просек околу 150 килограми пластика, над двојно повеќе од глобалниот просек од 60 килограми. Пластиката ја има насекаде – од пакување храна до градежни материјали, од мобилни телефони до облека.
Петрохемиската индустрија е енергетски интензивни. Во Европа, природниот гас сега е околу пет пати поскап отколку во САД. Во моментов, поевтино е да се купи етилен (суровина за пластика) во Тексас и да се однесе преку Атлантикот за обработка во Европа, отколку да се произведува дома. И тоа е токму она што петрохемиските компании го прават. Резултат е издишување на економската активност во Европа, ерозија на трговскиот биланс со хемиски производи, губење на работни места и енергетска несигурност.
„Ова е крајот на германската индустриска моќ,“ пишува Хавиер Блас, колумнист за Блумберг, забележувајќи дека германското хемиско производство е најниско во последниве 28 години.
А вака изгледа продуктивноста во енергетски интензивните индустрии:
Па што ќе прават? Ќе затвораат (и тоа оваа година, му рекле директорите од таа индустрија на човекот од Блумберг) и ќе се селат на исток. БАСФ планира да прави фабрика во Кина за 10 милијарди долари а европските хемиски компании продолжуваат да ги зголемуваат своите инвестиции во Азија, тренд кој трае барем 15 години.