Извештајот на Groundwork Collaborative покажува дека корпоративните профити сочинувале околу 53% од инфлацијата во текот на вториот и третиот квартал минатата година.
Цели 40 години пред пандемијата, профитот бил одговорен за најмногу 11% од растот на цените. Лани цените за потрошувачите се имаат зголемено за 3,4% иако влезните трошоци за производителите се зголемиле за само 1%.
Уште од појавата на пандeмиската инфлација во 2021 година, се водеше дебата за нејзините извори. Многу економисти укажаа на корпоративниот профи (алчноста) а други ги потенцираа владините стимулативни субвенции.
Извештајот наведува дека директорите често се фалат пред акционерите како ги одржуваат цените високи и ги зголемуваат профитните маржи иако се намалуваат влезните трошоци.
За да се држи ситуацијата под контрола, Федералните резерви ги зголемија каматните стапки до највисока точка во последните 20 години но извештајот фрла сериозен сомнеж за потребата од натамошни зголемувања на каматните стапки и наместо тоа повикува на посилни политики за зауздување на „корпоративното профитерство“.