Амунди проценува дека руското БДП ќе порасне за 1,5% во 2024 и за 2% во 2025, споредено со 0,5 и 1,2 процента за еврозоната.
„Тоа значи дека САД, Европа, Јапонија, Австралија, големите развиени држави, не можат ефикасно да ги спроведат санкциите врз земјата.
Тоа е тоа што значи. Нас може нема да ни се допаѓа, но тоа е реалноста,“ порачуваат од фондот.
Најголемиот видлив успех на санкциите е од замрзнувањето на имотот и иако тоа им наштетува на неколку луѓе истото нема некое големо влијание врз севкупниот увоз и извоз на Русија.
Од Амунди објаснуваат дека членките на БРИКС и држави како Турција и Казахстан имале најголема корист од санкциите против Русија и нејзините напори за наоѓање на нови пазари.
„Ова е да знаеме на што сме. На крајот од краиштата, ако внимателно ја анализираме војната во Украина: Европа настрада директно и многу; за САД влијанието е неутрално; меѓутоа Турција, централна Азија и општо Азија, генерално имаа ќар,“ објаснува Винсент Мортиер од Амунди.