Зошто богатите се грешка околу самите себе

Како што акумулираат повеќе пари така богатите имаат помалку потреба од општеството, додека во исто време себеси се имаат убедено дека сами успеале. Во бројки, најбогатите Американци добиле даночни олеснувања во износ од две илјади милијарди долари.

Во периодот од 2008-ма до средината на 2013-та богатството на американските граѓани пораснало од 47 на 72 илјади милијарди долари. Ама во исто ова време федералните приходи од данок бележат пад. Најсериозно е кај корпорациите, чиј данок е паднат за речиси половина.

Се проценува дека во овој период, секој од 5-те проценти најбогати Американци (околу 12 милиони луѓе) го зголемиле своето богатство за речиси 1 милион долари.

Она што за прв пат во историјата се случува во САД е што на ултра богатите повеќе не им е потребна ниту тамошната средна класа за работна сила, бидејќи комплетното производство го имаат пренесено во Кина. Паралелно со ова, ним повеќе не им треба општествената инфраструктура, бидејќи сите потреби ги покриваат со плаќање приватни училишта, обезбедување, доктори и слично.

"Инсистираат дека самите успеале. Ама не е така. Нивното богатство во најголем дел доаѓа од јавно финансирање кое осигури речиси половина од основните научни истражувања во 80-те, а дури и денес поддржува речиси 60% од истражувањата на универзитетите.

Нивните бизниси зависат од патиштата, пристаништата и аеродромите за испорачување на нивните производи, на државните служби кои ја осигуруваат нивната безбедност, на националната електрична мрежа за напојување на нивните фабрики, на комуникациските столбови и сателити за вршење на нивниот онлајн бизнис, на Департманот за економија да ги промовира и заштитува на светските пазари, на американската морнарица да ги штити нивните бродови и на ФЕМА за да чисти зад нив.

Епл, специјалистите за криење данок, се уште најголемиот дел од своите истражувања ги прават во САД, со инженери образувани во САД. Бизнисот на Гугл е базиран на Интернет, кој започнува со АРПАНЕТ, проектот на американскиот департман за одбрана," го разјаснува The Contributor митот дека богатите самите се одговорни за својот успех.

Она што според авторот е најголема навреда е што најголемиот дел од овие богаташи ја напуштиле земјата бегајќи од даноците. Се проценува дека во моментов околу 8.000 богаташи одлучиле да го сменат пасошот за да избегнат плаќање данок.

5 ноември 2013 - 12:42