Стив Џобс сет за подарок: црна ролка St. Croix (185 долари), фармерки Левис 501 (48 долари), сиви New Balance 991 патики (150 долари), Ајфон 4Ѕ со 16 ГБ (199 долари, со договор) и Битлс Антологија (80 долари на Ајтјунс).
Ајпад алтернативи: поточно, 3 Блекбери Плејбук 7-инчни таблет компјутери - 606 долари преку Амазон.
Струмички лубеници: 2748 килограми лубеница од камионот на Брадфорска (карши Алумина) - 665 долари.
Акции во друга ИТ компанија: 21 акција во Микрософт - 645 долари.
Мобилен без екран на допир: 43 парчиња Нокиа 3310, од Амазон - 662 долари.
Бренд штикли: еден пар, јаболко црвени кожни штикли од Џими Чу - 665 долари.
Инаку, една претходна математика покажа дека кога излегува нов производ на Епл, многу е поисплатливо за истите пари да купиш акции на компанијата, отколку да го купиш производот.
Па така:
Ако на премиерата на првиот Ајфон во 2007, дадевте 499 долари за акции, денес тие ќе ви вредеа 3.231 долари.
Ако наместо првиот Ајпод, во 2001-ва, купевте акции од Епл за 399 долари, денес тие ќе ви вредеа 26.374 долари.
Најголем ќар би имал човек што во 1997-ма наместо да купи Епл ПауерБук Г3, за 5.700 евра купил акции на Епл. Денес инвестицијата би му вредела 713.784 долари.