"На почетокот на оваа година започна многу значајна трансформација на Публицис Групацијата, која вклучуваше и креирање на Publicis One, нова глобална комуникациска компанија. Кога го започнавме ова патување, нашата прва мисија беше да се создаде силен тим на лидери." изјави Зебински.
"Новиот тим на Publicis One се состои од искусни лидери кои го претставуваат најдоброто од Публицис Групацијата, талентирани професионалци со големо искуство од различни средини, со претприемачки начин на размислување и посветеност кон брендовите во своето работење.
Monica Gadsby е назначена за регионален Главен Извршен Директор во Латинска Америка а Joseph Piazza е именуван за регионален Главен Финансиски Директор.
Nicolas Menat е назначен за регионален Главен Извршен Директор во Азија, а Ricardo Roces за регионален главен финансиски директор.
За да се обезбеди соодветно внимание на сите пазари, особено во рамките на сложениот регион на ЕМЕА (Источна Европа, Среден исток и Африка) кој што опфаќа 25 земји, назначен е Johan Parmentier за регионален Главен Извршен Директор за Бенелукс земјите, додека Misa Lukicдоби задача да го води регионот на Централна и Источна Европа како регионален Главен Извршен Директор.
Kevin Tromp е назначен за главен извршен директор за Африка.
Parmentier, Лукиќ и Tromp во своето работење ќе бидат поддржани од страна на David Clark,, кој е назначен за регионален Главен Финансиски Директор за ЕМЕА.
На глобално менаџмент ниво, Alice McCreath е именуван за Главен Финансиски Директор, Maree Prendergast за Главен Директор за развој на таленти, додека Karen Lim за Директор за Комуникации.
Сите ново назначени глобални и регионални лидери на Publicis One веќе се на своите
нови работни позиции и се целосно оперативни на своите пазари.
(комерцијален текст)