Русија во најголем дел од 2014 се има адаптирано за справување со казнените финансиски мерки, кога беше казнета за анектирање на Крим, тврди Ма Ксуе, од Кинескиот институт за современи меѓународни односи.
Во анализата што ја пишува, Ма порачува дека исклучувањето на руските банки од СВИФТ на крај идентично ќе и наштети и на ЕУ, а слична штета ќе претрпи и САД кој ќе треба на своите сојузници во иднина да им покрие економска и хуманитарна помош. Очекувањето на Ма е дека ЕУ ќе биде дестабилизирана и од големиот наплив на Украинци.
„Ако украинската бегалска криза не е соодветно решена, таа ќе биде основа за Русија да продолжи да сее омраза и да го саботира НАТО.
Острата дебата за бегалските проблеми во Европа може да му наштети на единството во клучни моменти,“ пишува Ма, чии трудови се поврзани со кинеското министерство за државна безбедност и цивилната разузнавачка агенција.
Очекувањето е дека кинеските компании ќе го пополнат местото во руската економија и побарувачката што ја ослободија западните санкции. Уште пред војната кинеската Народна банка имаше мулти-милијарди долари вредна соработка со руската Централна банка, во која меѓусебно си обезбедуваа ликвидност за да можат да тргуваат.
Русија исто така изминативе години работеше на намалување на зависноста на својот финансиски систем од доларот, и најголемиот дел од своите резерви во 2018 ги продаде на американскиот трезор.