Измислените 15

По три години на второ место, годинава Бајо Паторот со 44,1 милијарда долари повторно е најбогатиот измислен лик на светот.

На второ место со 36,2 милијарди долари е Карлајл Кулен, бесмртниот 370-годишен вампир од "Twightlight." Богатство го направил од камата, која му "тече" од 1670-та година. Инаку е еден од првите инвеститори во Вол Март и Гугл.

Далеку под водечката двојка, со 13,5 милијарди долари е Артемис Фаул Втори, водачот на познатото ирско криминално семејство Фаул. Неговото богатство порасна во изминатите неколку години, откако ја формираше компанијата Фејсбук под псевдонимот "Марк Закерберг."

Откако беше престигнат од Артемис, Ричи Рич повеќе не е најбогатото дете на светот и сега со 9,7 милијарди долари се наоѓа на 4-то место на списокот на најбогати.

Петорката ја затвора планинарот Џед Клампет, кој за време на еден лов открива "црно злато." Во 1984-та Клампет Оил се пријавува на берзата. Богатството на Клампет се проценува на 9,5 милијарди долари.

Од 6-то до 10-то место има двајца супер херои, еден змај, еден лик од игра и милијардер ерген.

На шесто е Тони Старк а.к.а. Ајронмен, со 9,4 милијарди долари. По него е змајот Смог од Хобитот на Толкен, со 8,6 милијарди долари. На осмо место е Брус Вејн а.к.а. Бетмен со 7 милијарди долари, на 9-то е г-дин. Монопол чии недвижнини се проценети на 2,6 милијарди долари. Десетката ја затвора Артур Бах, кој е иден наследник на имотот на семејството Бах кој се проценува на 1,8 милијарди долари.

11. Џо Бенет - ЦЕО на Sabre corp. - 1,2 милијарди долари
12. Монтгомери Брнс - Нуклеарната централа во Спригнфилд - 1,1 милијарда долари
13. Чак Бас - недвижнини - 1,1 милијарда долари
14. Гордон Геко - инвестиции - 1,1 милијарда долари
15. Џефри Лебовски - наследство - 1 милијарда долари

 

30 март 2012 - 15:40