6 години по купувањето Блумберг ја проценува вредноста на Инстаграм на 100 милијарди долари, или 100-кратен повраток на оригиналната инвестиција.
Процените на Блумберг се дека Инстаграм во следните 5 години ќе стигне до 2 милијарди корисници, изедначувајќи се со Фејсбук. Инстаграм неодамна објави дека има 1 милијарда активни корисници месечно, публика која се очекува да помогне приходите на Инстаграм да ја надминат границата од 10 милијарди долари во следните 12 месеци.
Уште една статистика во корист на Инстаграм е дека корисниците минуваат речиси исто време на апликацијата, колку што минуваат и на Фејсбук, или околу 53 минути на ден.
Емаркетер проценува дека Инстаграм носи речиси 30% од приходите на Фејсбук од реклами на мобилни уреди, бројка која до 2020 ќе се зголеми до 40%.