
Оваа процена е помала од очекуваните 100 милијади долари, кои беа најчесто споменуваната сума за вредноста на Фејсбук.
И по оваа цена, Фејсбук по вредност ќе биде на исто ниво како веќе етаблирани компании од типот на Амазон, МекДоналд или ХП, и покрај тоа што има само дел од нивните приходи или профит.
До 18-ти мај, кога Фејсбук треба да се појави на берзата, компанијата треба да ги убеди инвеститорите дека нејзината вредност повеќе е кон горната граница од 35 долари по акција.
27-годишниот Закерберг планира да продаде 30,2 милиони акции, кои се проценуваат на 951 милион долари. И по продажбата Закерберг ќе има 58,8 проценти од компанијата.