
Анализата на Центарот за Економија и бизнис истражувања покажала дека луѓето кои имаат подобро финансиско образование е поверојатно успешно да го планираат своето пензионирање, да имаат подобри опции за вработување, да избегнат претеран долг и попаметно да ги трошат своите парите.
Основите по кои сега Британија губи пари, а би се решиле со малку финансиски вештини се:
- субвенциите за пензионирање за луѓето кои немаат доволно заштедено би се намалиле за една третина.
- намалување на субвенциите за невработеност за околу 600 милиони фунти.
- луѓето кои не заштедуваат доволно за пензија ја чинат владата 6,2 милијарди фунти во субвенции за приходи, а со финансиско образование оваа сума би се намалила за 1,8 милијарди фунти годишно.
Од компанијата moneysavingexpert.com (која е нарачател на истражувањето) додаваат дека прекумерниот долг на граѓаните би можел попродуктивно да се искористи на друго место во економијата, како што е финансирање на мали и средни претпријатија.
Минатата година над 118.000 лица ја потпишаа петицијата, по која британскиот Парламент требаше да расправа за можноста за додавање на финансиското образование во образовниот систем на земјата.