Ако нафтата дојде до 100-ка, ете ни нова криза

Првпат во последните четири години, цената на на нафтата на светската берза дојде на ниво од 82 долари за барел. До крајот на годината би можела да оди и преку 90. Ако дојде до фамозните 100 долари, нè чека реприза од 2008-ма. 

Заради фиксната побарувачка, падот на залихите и недоволните резервни капацитети, цената на барелот до крајот на 2018 би можела да стигне и преку 90 долари, ги пренесува Гардијан проценките глобалниот енергетски фонд Ешбуртон.

Уште посмели односно позлосреќни се прогнозите на финансиерите од групацијата Мицубиши УФЈ кои, заради видливите краткорочни материјални ризици, калкулираат и со 100 долари за барел, со последователни последици по глобалниот економски раст и зголемување на инфлацијата.

Како главни извори на стравот од нови покачувања на цената аналитичарите ги наведуваат американските санкции кон Иран, политиката на ОПЕК, хаосот во Венецуела но ни неподготвеноста на администрациите да го олабават акцизниот товар на нафтените деривати (зборете ни за тоа), бидејќи тоа им е најлешперскиот начин да ги покриваат буџетските дефицити.

Единствен среднорочен лек е дел од индустријата и транспортот да прејде на други извори на енергија, како би се намалил притисокот врз нафтата. Таа логика е причина за сè поголемата побарувачка на автомобили на електричен погон. Само на англискиот пазар веќе се нудат 114 различни модели на електрични автомобили со најава за нови 41 модел.

Но, ваквите кризи ги актуелизираат и старите левичарски тези дека капитализмот едноставно не може без опстане без големи периодични кризи кои дополнително го редистрибуираат богатството во рацете на пребогатата елита а на штета на работникот кој „што добие на патот, ќе изгуби на мостот“.

 

25 септември 2018 - 17:18