По него е наречен еден авион, ужива да го слуша Чајковски, спиел во скривници, а денес е најдобриот тенисер на светот кој го освои и Ролан Гарос, единствениот Грен Слем кој му фалеше.
Еден од најдобрите тенисери во историјата, Швајцарецот Роже Федерер првпат после 1999. година кога не влезе на УС Опен откажа учество на еден Гренд Слем, овојпат на Ролан Гарос.
Најдобриот светски тенисер изјави дека на неговиот тим пред неколку сезони му предложиле 100.000 фунти за тој да испадне во првото коло на турнир во Русија.
Годината што изминува белиот спорт ќе ја памети по доминацијата на Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс, рутината на ветеранот Федерер, шарлатанското однесување на Ник Кирјос, како и по контраверзните изјави на некои тенисери дека меѓу тенисерките имало многу лезбијки.
Најдобриот италијански тенисер е омилен меѓу публиката каде и да игра, затоа што за него важи народната што на ум, тоа на друм. Не му ја мисли многу и кажува сè на прва.
29-годишниот Шпанец како помлад собирал пари да оди на Вимблдон и да го гледа својот идол. Сообраќајната несреќа го спречила во тоа, но после 11 години во кома, верува дека ќе може да го оствари својот сон.
Ако слави на УС Опен за што има најголеми шанси, Американката ќе стане првата тенисерка во последните 27 години на која ѝ тргнало од рака да ги освои сите четири Грен слема во една календарска година.
Иако наполни 33 години, Американката Серена Вилијамс и натаму тотално доминира во женскиот тенис за што доказ се трите Грен слема што ги освои сезонава.
24 јуни освен по раѓањето на Меси, ќе се памети и како датум на кој беше одигран и најдолгиот меч во историјата на тенисот. Се случи на Вимблдон 2010 година.
Љубителите на тенисот знаат дека Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ не се баш во најдобри односи. Тоа се забележува по изјавите на Швајцарецот после секој меч со Новак и обратно, а тоа го потврди и тренерот на Србинот, Борис Бекер.
Претходниот рекорд во светот на тенисот го држеше минатогодишниот УС Опен со вкупен награден фонд од 38.250.000 долари. Победниците на Вимблдон ќе си одат дома со вреќи пари.
Најдобриот светски тенисер објави утринава дека неговиот австралиски спонзор снимил документарна мини серија во која ќе се зборува за неговиот животен пат, како и за почетокот на професионалната кариера. Меѓу другото, Новак во серијата ќе зборува и како тренирал во време на војна.
И покрај поразот на Белгија, сите медиуми го величаат Американецот Тим Хауард кој го покри голот на САД. Во меѓувреме од терените на Вимблдон се појави еден друг јунак која на само 19 години го исфрли најдобриот тенисер во светот и скокна 777 места на АТП листата.
Денот по историската победа на Енди Мареј кој во финалето беше подобар со 3:0 од најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, за поголемиот број од Британците бил најсреќниот ден оваа година.
Гренд слем турнирот во Вимблдон ќе остане запаметен како Вимблгедон заради раната елиминација на многу носители, шампиони и поранешни рекети број 1, но и по добрите мечеви. Ова се најдобрите моменти од овогодишното издание на Вимблдон.
Оваа година тревата во Вимблдон имаше важна улога на Гренд слем турнирот затоа што многу тенисери се пожалија дека нејзината состојба е причината за нивните лизгања, повреди и откажувања.
Енди Мареј на почетокот од неговата кариера бегал од куршумите на лудакот кој убил 17 деца во неговото училиште. 17 години подоцна тој го победи најдобриот тенисер на светот и по 77 години стана првиот Британец со триумф на Вимблдон.
Шкотскиот тенисер блесна на финалната пресметка на најпрестижниот тениски турнир. Енди Мареј беше далеку подобар противник од Ѓоковиќ и успеа да слави со 3:0.
Шкотскиот тенисер Енди Мареј беше подобар со 3:1 од изненадувањето на годинашниот турнир во Лондон, Јержи Јанович и во финалната рунда ќе се судри со рекетот број 1 Новак Ѓоковиќ кој во маратонска полуфинална рунда го мина Дел Потро.
Французинката Мерион Бартоли која стигна до финалето на Вимблдон, пред полуфиналниот меч против Кирстен Флипкенс тренираше “машки“, па не е ни чудо што потоа ја “збриша“ за 1 час. За 14 секунди таа изведе 14 бекхенд удари.
Јержи Јанович е новиот хит на Вимблдон. Пред само 18 месеци тој не настапи на Австралија Опен затоа што немал пари за авионска карта, а Полјаците од Њујорк му купиле патики за настап на УС Опен. Сега тој игра во полуфиналето на Вимблдон.
Вчерашните четвртфинални двојки на Вимблдон донесоа доста неизвесен и возбудлив тенис со пресврти. Дел Потро повреден го “збриша“ Давид Ферер со 3:0, а Енди Мареј и покрај негативата од 2:0 со фантастичен пресврт избори пласман во полуфинале. Еве го моментот на мечот.
Аргентинскиот тенисер можеше многу лесно да заработи тешка повреда на денешното четвртфинале на Вимблдон и да се збогува од турнирот откако се изнализга на тревната подлога, но и покрај оваа несреќа тој успеа да се спаси.