Данил Медведев е роден на 11. февруари 1996 година во Москва. Нема никакви роднински врски со рускиот премиер Дмитри Медведев и со финалистот на „Ролан Гарос“ од 2004 Украинецот Андреј Медведев.
Поради славното презиме, некои руски тенисери го завикале Данил „Министер“. Со тенис почнал да се занимава на шест години кога се пробувал и во шах и пливање. Најдобро му одело во тениската група и таму направил голем исчекор кон почнување сериозна кариера.
Висок е 198 сантиметри и е еден од повисоките тенисери на денешницата (личи по конституција и стил на игра на Хуан Мартин дел Потро).
Во јуниорски тенис Данил бил успешен, иако не освоил Гренд Слем, бил 13. рекет на светот и освојувал помалу меѓународни турнири. Освен тоа регуларно играл и за јуниорската репрезентација на Русија. Професионалец станал во 2014 година и веќе во август го освоил првиот сениорски „Фјучерс“. Во август минатата година првпат дошол до финале на Челенџер ATP, а во септември го освоил првиот трофеј како сениор.
Сезонава Медведев ја почнал со финалето во Ченај после кое стана 65. на АТП листата. После турнирот во Ченај Медведев два пати стигнуваше до четвртфинале во Монпеље и Марсеј а потоа следувал пад. Со почетокот на март изгубил пет меча по ред, а на „Ролан Гарос“ раскажал дека имал сериозни проблеми со гнојна ангина а потоа и мононуклеоза.
Но Русинот се препороди на трева. На три турнири пред „Вимблдон“ Медведев два пати стигнуваше до четвртфинале, а минатата недела во Истбурн стигна и до полуфинале каде загуби од шампионот Новак Ѓоковиќ. За три недели на трева, Медведев победил на 8 меча од 11 и стасал на рекордно 49. место на рејтингот.
А сега после триумфот против Вавринка во првото коло од престижниот Вимблдон, Русинот посебно го сврте фокусот кон него. Тоа е негова прва победа во кариерата против тенисер од Топ-10. Во следното коло ќе игра против Белгиецот Рубен Бемелманс.
ИСТОРИЈА СО РАСИЗАМ
Оние кои подробно го пратат тенисот, сигурно знаат за скандалот на рускиот тенисер во април лани. Тогаш го дисквалификуваа до „Челенџер“ во Савана (САД) затоа што наводно имал расистички испад кога играл против темнокожиот Доналд Јанг и за време на некој спор со исто црномурест судија рекол: „Знам дека вие се дружите со него. Уверен сум во тоа“. Од тоа организаторите извлекле конотација дека Медведев имал расистички испад.
Самиот Медведев ги одбил наводите за расизам.
ЖИВЕЕ ВО ФРАНЦИЈА
Кога Медведев имал 16 години, решил дека за негов понатамошен развој нужно е да замине од Москва на место каде има подобри услови за тенис. Поради тоа семејството се преселило на југот од Франција каде веќе три години живееле сестра му Елена.
Сега Данил тренира во Кан и затоа што има одлични резултати, сакал да остане во Франција. Има три тренери: Жан-Рене Лиснар (единствен играч во историјата на Монако кој победил меч на „Гренд Слем“), Жулиен Жанпјер (во 2004-та стигнал до трето коло од Ролан Гарс) и Жил Кервара (работи како ’пневмо-тренер’ кој е посветен на физички и психолошки аспекти). Лиснар во своето време бил спаринг-партнер на Каролин Возњацки а Жанпјер на Викторија Азаренко.
Во 2015 година, Медведев тренирал едно време и во академијата на познатиот Патрик Муратоглу и неколку пати спарингувал со Новак Ѓоковиќ. Според него на тие тренинзи кога разменувал неколку удари со Србинот сфатил дека може сериозно да напредува со тенисот.
Минатата година добил грант од 50.000 долари од својот спонзор - француски производител за тениска опрема Tecnifibre за кого е должен да става реклами на своите профили на