Малку познати факти за Новак Ѓоковиќ

По него е наречен еден авион, ужива да го слуша Чајковски, спиел во скривници, а денес е најдобриот тенисер на светот кој го освои и Ролан Гарос, единствениот Грен Слем кој му фалеше.

Класична музика

Љубовта кон музиката му е всадена од првиот тренер - Јелена Генчиќ која го учела тенис како мал. По завршувањето на играчката кариера, Јелена не работела само како тренер во тениската школа на Копаоник, каде со пет години бил и Ѓоковиќ, туку и телевизиски режисер. Генчиќ режирала околу 1.500 играни и документарни филмови од сферата на културата.
 
Таткото на Генчиќ мечтаел таа да стане пианистка. Таа го послушала и научила да свири на пианофорте и често слушала класична музика.
„Едно попладне кога Новак имаше седум години, бев страшно изморена, можеби и помалку депресивна и барав каква музика да слушам. Сакам оркестрална музика па ја пуштив како увертира „1812“ (оркестрално дело од Петар Илич Чајковски) и забележав дека и Новак слушаше и во еден момент кажа: Јеца можеш ли да попуштиш малку, се наежив. Внимателно слушаше. Тогаш му кажав: Сега Новак ќе ти објаснам нешто многу важно. За време на мечот може да бидеш во две ситуации. Една од нив - резултатот да е во твоја полза, кога си близу победата. Во таква ситуација спокојно го завршуваш мечот и остануваш мирен. Но може и да бидеш на неколку поени од пораз и тогаш ќе се сетиш на оваа музика и нејзините чувства. Ќе почуствуваш возбуда, адреналин и тогаш можеш да победиш.“, раскажувала во едно од своите сеќавања за Новак сега веќе покојната Јелена Генчиќ.

Ѓоковиќ ден денес одлично ги разбира класиците и често кажува дека тоа му помага да ги доведе своите мисли во ред.

Странски јазици

Изучувањето странски јазици исто така му е насока од Генчиќ. Од самиот почеток таа верувала дека Новак ќе биде меѓу најдобрите тенисери на свет и поради тоа сметала дека е неопходно да научи не само добар бекхенд, туку и однос на јавни настапи. Нашла тутор кој го учел да биде љубезен, внимателен и дипломат.

Новак често ја нарекувал Јелена својата тениска мајка. А таа почуствувала дека таа улога не е баш за неа и за себе ја присвоила титулата „инструктор по личен развој". Јелена му објаснувала на Новак и како треба да седи на маса.

„Знаев дека пораснал во семејство кое едвај крпи крај со крај и дека како тенисер ќе мора да седне не повисока маса каде што нема само еден нож, еден маж и една чаша", раскажувала Јелена.

Новак денес одлично зборува четири странски јазици меѓу кои англискиот и германскиот совршено, а повеќе од добро се снаоѓа со италијански и француски за што се уверуваме од турнир на турнир.

76 ноќи во скривница

Кога НАТО почнал да истури бомби врз Белград, Ѓоковиќ имал 11 години. Својот 12-ти роденден го прославил во скривница, во подрумот. Во интервју за CBS, Новак се присети на тоа време:

„Поради бомбардирањето во првите два ипол месеци излегувавме на еден час и тоа во два-три навечер. Но и кога се сеќавам на тоа време се обидувам да останам позитивен. Не одевме во школо и играв повеќе тенис. Тоа ме искали, ја разбуди во мене желбата за успех".

Јелена ја надополнува приказната за својот ученик:

„Едно утро му се јавив на Новак и му кажав дека болниците нема да бидат бомбардирани. Му објаснив дека таму нема да има бомби, но тие го бомбардираа целиот болнички комплекс. Секоја вечер бираа нов објект за бомбардирање, така што немаше ниту едно безбедно место за тренинг. Еднаш направив грешна проценка во пресметката: го бомбардираа истото место каде вчера трениравме. "

„Стално менувавме клубови за тренинг. Кога дури и мислевме да одиме во теретаната на еден клуб од другата страна на Дунав, не се осудивме затоа што се најавуваше дека може мостото да го бомбардираат а потоа не би можеле да се вратиме назад. Сите бевме исплашени. Немаше храна, гладувавме, а Новак често тренираше и без да јадел ништо.“

Татко му продал семеен ресторан во Белград за турнирите на Ноле

Единствено по настојување на српскиот тв канал Б92, во 2010. година татко му на Новак дал интервју после победата на Србија на Дејвис Купот. Тогаш Срѓан Ѓоковиќ раскажал:

„Луѓето знаат колку тешко живееше нашето семејство во последните 17 години. Изнајмивме стан, моравме да позајмиме пари затоа што немавме. Трошоците за кариерата на Новак ги надмина нашите финансиски средства. Позајмував пари од лихвари кои наплаќаа по 10, 12, 15% камати месечно. Се обидувв да ги отплатам овие долгови, но тоа беше проклето тешко. Многу пати се случуваше да немаме пари за леб да купиме. Тогаш јас и жена ми продававме златен накит и 10 години спиевме на мал кауч во изнајмен стан во дневната соба".

Јелена Генчиќ прва забележала дека кога ќе дојде пролет, со почетокот на цветањето на растенијата кај Новак се јавувале алергии. Кога во Будимпешта за време на турнир од серијата Challengder му беше многу лошо, утврдив дека му солзат очите. Ме прашаа што да прават, им кажав: Да се мие со солена вода од Јадранското море.

Проблемите со глутен

Првата специјална диета на Ѓоковиќ му ја препишал специјалист по алтернативна медицина, српскиот доктор Игор Четоевиќ. Тој првпат го гледал Новак во јануари 2010. година кога играл против Жо-Вилфред Цонга во време на ноќната сесија на отвореното првенство Австралија Опен. Тој комплетно го прегледал Ѓоковиќ и ги потврдил резултатите кој утврдиле присуство на стрес, токсини и регистрирал дека симптомите на алергија влијаат и на мозочните бранови.

„На крајот се испостави дека телото на Ноле реагирало негативно на храна која што содржи глутен. Да му дадете таква храна пред мечот за него беше исто што и да ставите евтин бензин во Ферари. Колата веројатно и натаму ќе вози, но не така добро. Глутенот е леплив, тој нас не успорува“, вели докторот Четоевиќ.

Авион наречен по Ѓоковиќ

Новак е најпопуларен човек во Србија и на предлог на познатиот режисер Емир Кустурица авио-компанијата Air Serbia крстила еден авион по името на славниот тенисер.

„Благодарение на Ѓоковиќ репутацијата на Србија во светот е многу подобрена, изјави некогашниот претседател на земјата, Борис Тадиќ. Денес луѓето во светот Србија ги асоцира на Новак Ѓоковиќ, а не на Слободан Милошевиќ, како што беше порано. И тоа е многу важно", констатирал Тадиќ, денес пратеник во српскиот Парламент.