Тајната на успехот на Серена Вилијамс

Иако наполни 33 години, Американката Серена Вилијамс и натаму тотално доминира во женскиот тенис за што доказ се трите Грен слема што ги освои сезонава.

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс ја откри тајната на нејзините успеси. Досега во кариерата помладата од сестрите Вилијамс освои 21 Грен слем титула и сега ѝ недостига само уште една за да ја стигне Штефи Граф која има 22.
 
Доминацијата во женскиот тенис Вилијамс ја покажа на овогодинешниот Вимблдон кога мошне убедливо стигна до титулата, откако во финалето ја совлада Шпанката Гарбине Мугуруза.
 
„Тренирам на исклучително високи температури, но кога играм во Австралија на пример, топлината може да ми прави голем отпор. Понекогаш долу на теренот имате сензација дека ви гори целото тело. Во такви услови пешкирот „EnduraCool“ ми помага да се освежам, да се разладам и на тој начин останувам фокусирана“, изјави Серена што ја одржува во форма и на пеколни горештини.
Следниот турнир на кој би требала да се појави Серена е Станфорд Класик во САД (од 3 до 9 август), како подготовка за Синсинати и УС ОПЕН на крајот од август (од 31 август до 12 септември).
 
29 јули 2015 - 11:18