Таг: видео

Зошто реставрирањето историски снимки во 4K резолуција не е во ред?

Јутјубери користат вештачка интелигенција за „оживување“ на историјата. Но иако делуваат фасцинантно, овие снимки не придонесуваат за нашето подобро разбирање на историјата, туку прават таа повеќе да личи на сегашноста.

Mоже да патуваш во минатото а да не ја загрозиш иднината

Бројни научно-фантастични книги и филмови го користат парадоксот на тоа што би се случило доколку се вратиш назад во времето и направиш нешто (во минатото) што би ја променило иднината, најчесто на полошо. Ама според најнови истражувања минатото е малку потврдоглаво отколку што сме мислеле.

Детската книга што недостасуваше: сликовница врз основа на „Д Офис“

Малку ни е тешко да замислиме како би функционирала детска книга за компанијата Дандер Мифлин и нејзините oткачени, цинични, смотани и често безобразни ликови. Но авторите на оваа сликовница веројатно знаат што прават.

Ти Боун Барнет и неговата песна од 5000 стихови

За Џозеф Хенри Барнет, попознат како Ти Боун, сме пишувале и претходно, но како продуцент и автор на филмска музика (The Hunger Games, Crazy Heat, O Brother, Where Are Thou? и др.). Но еве го сега со нов албум со сопствена музика, и што е уште поинтересно, сопствени стихови.

„Лапот“ - дипломскиот труд на неодамна починатиот Горан Паскаљевиќ

Српскиот режисер, сценарист и продуцент почина на 25.09 во Париз, на 74 години. Припаѓаше на легендарната генерација југословенски режисери од Прашката школа, а го режираше и „Буре барут“ по сценарио на Дејан Дуковски. Неговото прво дело е краткометражен филм за една подзаборавена легенда.

Веселите гробари од Гана

„Танцувачки носачи на сандаци“ се група талентирани мажи од регионот на Акра во јужна Гана, кои можат да организираат два вида погреб - сериозен и „шизички“. Вториов подразбира многу играње и екстравагантна гардероба.

Збогум Данило

Веста за смртта на Данило Коцевски нè затече. Мислевме дека засекогаш ќе го гледаме ликот кој изгледаше како да не старее, со препознатливиот шешир и брадата која со годините само малку побеле. Не беше родум од Скопје, но Скопје му должи, за вниманието со кое ги бележеше и раскажуваше неговите приказни.

Португалската конкуренција на Флоренс Фостер Џенкинс

Се викала Наталија де Андраде, а според нејзината скудна биографија (достапна само на португалски) била „драмски лирски сопран“. Дури кога ќе ја слушнете ќе сфатите што точно значи ова „драмски“.

100 години од раѓањето на Чарли Паркер - Бах на модерниот џез

Роден на 29 август 1920, „Брд“ е водечка фигура во развојот на бибоп, виртуоз на алто саксофонот, самоук музички револуционер. Една анегдота сликовито го опишува почетокот на неговото музицирање, на само 16 години. 

Измислена полициска серија во која главна улога игра - Семјуел Бекет

Авангарден драматург, мрачен Нобеловец, поет и...опасен телевизиски детектив?

И композиција од македонски автор ја крие низата на Фибоначи

Пред некое време пишувавме за тоа дека песната „Латералус“ на американскиот метал бенд Тул и во музичка и во јазична смисла ја следи логиката на броевите на Фибоначи. Но не знаевме дека има и македонски композитор кој бил инспириран од истото.

Што е тоа „психоакустика“ (и каква врска има со автомобилски врати)?

Се занимава со научно проучување на перцепцијата на звукот - како луѓето реагираат на врева, говор, музика. Но и на поспецифични аудио дразби, како на пример начинот на кој звучи одреден производ. Психоакустиката притоа продава и - коли.

Пуштете ја поп-културата во училиштата!

Помеѓу сите нешта кои пандемијата ги доведува во прашање се и наставните програми, во случајов по јазик и литература. Дали обврзните книги и содржини треба да бидат огледало на животот на младите, или параван кој го крие она што навистина им се случува? 

Скриената низа на Фибоначи во метал песна

Спиралата е омилен симбол на Букбокс - го има и на Фејсбук профилот и на Твитер акаунтот. Знаевме дека го има на неолитски наоди, на сликите на Климт, во шифрата на сефот во „Кодот на да Винчи“, во „Одблесоци во вода“ на Дебиси. Но сега дознавме дека ја има и во песна на прогресивен метал бенд.

Почина познатиот пијанист кој свиреше само со лева рака

На 2.8, на возраст од 92 години, почина Леон Флајшер, познат по своите интерпретации на Брамс и Бетовен. Но уште попознат по тоа што во 1990-тите, на врвот од својата кариера, морал да престане да ја користи десната рака. За години потоа повторно да ја активира.

За јутјуб цепачите

Можеби ова и не е најтипичен Букбокс пост, но е длабоко мотивиран од една когнитивна дисонанца - зенот на ова видео, и лошотилакот на коментарите под него.

Коалата што звучи како дива свиња: животни кои лажат како луѓе

Да, луѓето лажат, некои и лажат-сушат. Но ние не сме единствените во животинското царство што го прават тоа. И главно мотивите се исти.

Киното во кое еден филм се прикажува цели 24 години

Велат дека ако прашате некој во Индија дали го гледале „Дилваге дуланиа ле џајенге“ или ДДЛЏ, голема е веројатноста дека ќе ви одговорат со „да“. Филмот е значаен дел од историјата на индиската кинематографија. И е толку популарен што се прикажува секој ден, во последните 24 години, во кино сала во Мумбаи.

Мистериозната практика на јадење земја

„Земја“ можеби и не е најточната одредница. Станува збор за нешто што на американскиот југ го нарекуваат „бела прашина“ - мека глина (каолин) која е примарно наменета за правење порцелан, хартија и боја. Ама ете, можело и се јаде.

Oмилениот црн актер во Источна Германија

Пол Робсон бил афро-американски пејач, актер и активист за граѓански права кој се нашол на црната листа на владата на САД. Неговата животна приказна е тема на нова книга.

Чајна церемонија која комбинира кунг-фу движења и необичен чајник

Пиењето чај во медитативна атмосфера е обред за почит сам по себе. Но во провинцијата Сичуан во Кина постои еден „театарски“ начин на уживање во овој пијалок кој вклучува стилизирани движења од боречките вештини.

Приказната за поп-песната која исчезнала од лицето на земјата

Знаете она кога не ви текнува на име на актер, или наслов на книга, или име на песна? Лесно е, внесувате нешто асоцирано со нив во Гугл и обично машината ви го исфрла резултатот. Обично.