Се нарекува „кунг-фу чај“ или „танц со чајници со долг клун“, а го изведуваат играчи кои ги превртуваат, фрлаат и придвижуваат и своите тела и чајниците во синхронизирана кореографија.
Според легендата, овој вид танц е воведен во текот на тн. период на Три кралства (220-280 год.). Синот на владетелот Лиу Беи бил загрижен дека слугите би можеле да го убијат неговиот татко, па наредил да се измисли ваков необичен чајник, за течноста да може да се истура во шољичките од безбедна социјална дистанца.
Денес изведувачите на оваа церемонија мораат со години да вежбаат пред да го имаат својот прв настап. Во долното видео го гледаме Лиу Ксумин, кој вели дека вежбал 7-8 часа дневно за да ги усоврши движењата за танц наречен „18 облици на змејолетачки пози“ кои се всушност гестови на сипање чај. Додека се движи, тој го замислува чајникот како продолжување на своето тело. „Се надевам дека ќе постигнам интеграција на чајникот и човекот, на небесното и човечкото, на чајот и луѓето“, вели тој.