Таг: видео

Дизајнот како отелотворена метафора

Многу е просто - дали би купиле душек за спиење кој не асоцира на свежина, здравје и мекост и покрај тоа што можеби е направен по сите ортопедски стандарди? За пораката навистина да биде пренесена дизајнерот треба да чита малку когнитивна лингвистика. Како овој во видеото. 

„Задоволство" (1952)

Базиран на три раскази на Ги Де Мопасан, филмов делува неверојатно свежо, и по темата и по начинот на кој е сниман. Дали нешто се променило од крајот на 19. век кога се во прашање „цивилизираните“ мажи и лажниот морал воопшто? Не баш. 

„Фејк офф": нова телевизиска уметничка форма

Неодамна пишувавме за интересна интерактивна француска серија, како и за бизарно германско реално шоу. Телевизијата како медиум очигледно почнува да станува интересно поле за креација. Таков е и еден ТВ жанр во зародиш, кој заради некоја причина е наречен „фејкување".

„Авонмор" - нов албум на Брајан Фери

Го заслушавме најновото од Брајан Фери, албумот кој излегува на 17. ноември, и заклучокот е - стариот сè уште е крал на кулот.

„Г-дин Никој" (2009)

„Зошто сум јас јас, а не некој друг?" е едно од прашањата кои ни ги поставува филмов. Но многу потешкото е - дали кога би го знаеле одговорот би биле задоволни од oна што сме станале?

Архитектура во служба на човекот: капелата „Ротко“

Не дека водиме статистика за процентуалната застапеност на различните уметности во рубрикава, но сè почесто имаме потреба виртуелно да се насладуваме на убави архитектонски зданија, бегајќи од нашата урбанистичка реалност. Но, овој објект е повеќе од само градба, тoa е и место за муабет со самите нас. Како на пример кога постирате коментар на Фејсбук, ама посмирено. 

Имаме ли Сократ меѓу нас?

Додека нашите учебници ги образуваат младите како да бидат лојални граѓани без свои слободи (меѓу другото и без онаа оваа дефиниција да се спори), во други контексти тие се воспитуваат според методот на еден антички филозоф кој покажал ултимативната нелојалност - ги терал граѓаните на Атина да мислат. Не дека баш му се исплатело.

Италијански говор на телото

Не сте совладале некој јазик доколку не ги научите и невербалните гестови кои го придружуваат. Еве едно корисно видео за сите оние кои се обидуваат да го сторат тоа со италијанскиот. Презентери: симпатични млади манекени од Долче и Габана, со артикулиран говор на тело. 

Рамка која ви го следи погледот

Знаете она кога некоја слика толку ви се допаѓа (или напротив, ве вознемирува) што ви се чини дека ве следи каде и да одите? Епа оваа рамка го овозможува токму тоа - таа физички да оди во чекор со вас.

Кој беше Митар Суботиќ?

На 2. ноември се навршуваат 15 години од прераното заминување на музичарот кој се потпишуваше со псевдонимот Rex Ilusivii, или кралот на илузиите. И навистина, неговата продуцентска и композиторска работа беше и визионерска, и магионичарска.

Хајдегер и парчето двопек

Дали некогаш сте се почувствувале како ракче во врел зејтин или како парче скршен двопек? Тогаш ова клипче за егзистенцијализмот на Хајдегер е всушност за вас. 

„Момчештво" (Boyhood, 2014)

За што се раскажува во овој филм? За едно момче. И тоа не би било ама баш ништо посебно, доколку не сте сведок на неговото реално растење, и тоа за 12 години во текот на три часа.

Што е толку чудно што Закерберг прозборе кинески?

Oсновачот на Фејсбук оваа недела учествуваше на дискусија на Универзитетот Цигнуа во Пекинг, oдговарајќи на прашањата на - кинески. Медиумите паднаа во несвест, а и на прво слушање навистина звучи импресивно. Но што е тоа што толку изненадува?

„Легендата за 1900" (1998)

Спојот на перото на Алесандро Барико и режисерскиот фат на Торнаторе не може да даде лош филм. Она што може да се случи е да се остане на површината на толкувањето на благо мелодраматичната приказна. И тука ептен да се утне.

„Хемингврајт“ и други алатки за пишување на раат

Во продолжение на нашата серија написи посветена на комбинирањето на механичките направи за пишување и нивните современи еквиваленти, еве уште две такви. Нивната цел: да направат додека пишувате да се забавувате, ама и да бидете ефикасни.

Автобиографија и нов албум на Били Ајдол

Коцкаста насмевка, светло сино око и самобендисано презиме - сето тоа добро му стои на Били Ајдол, кој ја раскажува својата приказна во автобиографијата „Играјќи со себеси" која беше објавена на 7. октомври. Утре пак (21.10) излегува неговиот прв албум во последниве девет години, aко не го сметаме чудниот Божикен од 2006.  

Изложба посветена на Маркиз де Сад

Утре се отвара големо шоу посветено на Донатиен Алфонс Франсоа де Сад, подобро познат како Маркиз де Сад. Ама, не брзајте со шиење платна за покривање на експонатите, не е во Скопје.

„Вистинскиот Френк Запа" од Френк Запа

Да речеме дека сте пораснале со неговата музика и го сметате за музички гениј - тогаш оваа книга е за вас. Да речеме дека никогаш не сте чуле за човекот, а вака по фаца ви изгледа како некој кого и никогаш не би сакале да го запознате - тогаш оваа книга е за вас.

Славни актери зборуваат во име на природата

Организацијата Conservation International како дел од својата нова кампања „Природата зборува" издаде шест двеминутни филмчиња, чија цел е да им се даде глас на дождовната шума, почвата, водата. Ама буквално.

„Луси" (2014)

Нешто како мешавина на Матрикс, Трансформери и Којанискватци, филмов помеѓу сето тоа „пињау-пињау" и нишањето на колковите на Скарлет Јохансон има и една хумана порака - дека секој има обврска на човештвото по себе да му остави eдно УСБ, полно со знаење. Или барем ЦД со латино. 

Свирете ја „Хадронски колајдер“, тивко, полека

Циничниот табор научници кои сметаат дека за експериментот во ЦЕРН се трошат премногу пари за нешто што не изгледа дека има непосредна практична примена, сега конечно можат да здивнат - Големиот хардонски колајдер може да создава музика. И така одеднаш сè добива смисла.

Упалапу Шринивас - заминувањето на индијскиот музички гениј

„Еди Ван Хален, да си јадеш ушите", наводно изјавил Џорџ Харисон кога налетал на еден од албумите на Шринивас. Музичкиот гениј и виртуозот на индијска мандолина, кој соработуваше со Меклафин и Мајкл Најман, почина на 45 години.

Документарец на Скорсезе за New York Review of Books

Во 1960-тите едно списание решило да го менува културниот пејсаж во Америка, објавувајќи долги, тешки и бескомпромисни текстови, кои поттикнале и промовирале голем број денес култни автори. Документарец режиран од Скорсезе чија премиера се очекува следниов викенд (4-5.10) ја раскажува неговата 50-годишна историја. Сепак, не е исто да правиш филм за рок бенд и за книжевно списание. 

„Во дивината" (2007)

Напишана и режирана од Шон Пен по книга на писателот и планинар Џон Кракауер, ова е вистинска приказна за момче кое одлучува да се одметне, живеејќи во дивините на Аљаска. Филм за сите оние кои некогаш помислиле да ги „снема", ја читале „Валден" и ја сакаат музиката на Еди Ведер.