Кога умееш со зборови, те бива и да кажеш „те сакам" на сто начини, но и да отераш на толку софистициран начин што некој може да помисли дека му дaваш комплимент. Шекспир бил махер за ова.
Комбинирајќи терапија, театар и забава, Поетесата за итни ситуации нуди консултации во нејзиното амбулантно возило и препишува стихови како лек. Истото го правиме и ние, нудејќи ви ја денешната доза, која се зема на гладно срце, со чај.
Чед Лосон (Chad Lawson), музичар со класично образование но и со јака џез биографија, објави нов албум. Насловот е „Варијации на Шопен" и содржи 10 дела кои звучат необично дури и ако само малку ја познавате музиката на славниот композитор.
Има некоја чудна врска помеѓу џезот и актерите. Клинт Иствуд, Вуди Ален, Хју Лори, се само некои од оние кои освен пред камера се добри и со инструмент. Она што не е многу познато е дека во тоа необично друштво спаѓа и Џеф Голдлбум.
Комичар, политички коментатор, телевизиски водител и писател, познат меѓу другото по неговите ригидни атеистички ставови, Бил Мар (кого ние си го викаме Бил Махер) излезе од верскиот плакар. И призна дека целата таа работа со безбожништвото е обична фарса.
Концептот за едно од најпознатите дела на Штокхаузен на славниот композитор му дошол на сон. Ама лесно е да сонуваш хеликоптери, оди изнајми ги, стави по еден музичар во нив и организирај цела логистика за пренос на изведбата. И притоа расправај се со поборници за заштита на животната средина, за кои експерименталната музика е „загадување“.
На 22. септември ќе бидат реиздадени првите шест соло албуми на поранешниот Битлс. Комплетот се вика „Џорџ Харисон: 1968-75" и содржи музика од неговите денови под етикетата на славната група, Епл рекордс.
God Help the Girl, новиот филм на лидерот на Belle&Sebastian, e виновникот за актуелизирање на една естетика на која оние растени на мрачна психоделија реагираат со благо гадење. Навидум слаткаст, „тви“ е сепак светоглед на меланхоличните, кои одбиваат да пораснат.
Финтата на свирење кавери на овој инструмент како да се потроши по успехот на метал-челата на Апокалиптика или на хрватските 2Cellos и нивните обработки на Мајкл Џексон или AC/DC. Но освен што жена на виолончело е многу посекси, Maja Беисер (Maya Beiser) е и повеќе по стариот добар рокенрол.
Ако сте автор чие дело ќе ве надживее, не можете да знаете кој и како ќе ве чита по вашата смрт, и во тоа истовремено има и некаква возбуда и некаква тага. Но што ако отсега знаете дека вашата книга ќе биде прв пат објавена дури по 100 години? Така таа станува „порака во шише“, фрлена во бурните води на времето.
Позајмувањето гласови на филмски ликови е актерска вештина за почит. Со носталгија се сеќаваме на оние на Борис Мајсторов, Таска Балабанова и Божо Софрониевски од цртаните, а новите генерации имаат прилика да следат синхронизирани турски серии. Но во земји како Германија ова е долга традиција, во која важат високи стандарди. Дитмар Вундер е еден од најбараните актери кога се во прашање блокбастерите.
Спортот изгледа како нешто кое не може да биде поспротивно од панкот, и како идеја и како практика. Дисциплината и физичката подготвеност која ја подразбира трчањето маратон, пак, никако не ни одат нога пред нога со ликот и делото на Џо Страмер. А можеби цело време тука некој лажел.
Свесни сме дека во рубрикава во последно време малку го претеравме со Спрингстин. Ама поводот е реален и баш фин - човекот пишува сликовница според своја песна.
Руфус Харли е познат како првиот џез музичар чиј главен инструмент биле гајдите. Неговите изведби по кој знае кој пат потсетуваат дека не е до тоа на што е нешто исвирено, туку како.
И покрај нашата конзервативност кога е во прашање нова музика, признаваме - Лана дел Реј има „нешто". Меѓу другото, нејзините стихови содржат и куп книжевни референци.
Еден од современите предизвици на филмскиот медиум е да најде асален начин да прикаже дигитално примање и испраќање пораки, по мејл или по СМС, без да го нарушува дејството. Некои од досегашните примери се катастрофални, други многу креативни.
Како да сведеш стихови на статистика, дијаграми, булети и слајдови? Направи Пауер Поинт од неа - гарантирано ја одзема магијата дури и од најпоетичната изјава.
Дејвид Фостер Валас, еден од најиновативните американски писатели на 20. век, си го одзеде животот со бесење во 2008. Во 2014 истото тоа го направи славниот Робин Вилијамс. Освен трагичната судбина, нив ги спојува и еден поетски лик - оној на Витмановиот капетан.
Од утре, 13-ти август, па во следните пет вечери, со логирање преку интернет ќе можете да талкате низ галериите на британскиот музеј, контролирајќи еден од четирите роботи.
Случајот на самоубиство поради депресија, што во моментов се наведува како најверојатна причина за смртта на славниот актер, е повод да се потсетиме на старата вистина - дека исцртаната насмевка на лицето на кловнот, всушност ја крие неговата тага.
Футуристичка трилер-акција во стилот на Матрикс или Игри на гладта, со дизајн како кај Вес Андерсон, и со алегориски и сатирични тонови, кои лесно ќе ги препознаете. Особено ако сте од задните вагони на возот кој забрзано ита, кон никаде.
Музички визионер кој мислел дека е вонземјанин, човек кој самиот себеси се нарекол според египетско божество - на стогодишнината од раѓањето на Сан Ра многумина му ја оддаваат заслужената почит. Меѓу другото и со објавување книга за деца за неговиот лик и дело.
На денешен ден, 7. август, пред точно четири децении, Филип Петит се прошета на жица оптегната помеѓу покривите на двете кули-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк. Зошто? За да покаже дека може.