Пауер Поинт знае да биде многу корисна алатка, но и начин како да се сведат сложени и благородни идеи на прости ставки, како од список за купување. Бидејќи најдобриот начин да се демонстрира апсурдноста на некоја појава е таа да се доведе до екстрем, еве како изгледа Пауер Поинт презентација на - музика.
Песната е „Прво го заземаме Менхетен" (First We Take Manhattan) која Леонард Коен ја испеа во дует со неговата долгогодишна придружна вокалистка Џенифер Ворнс, и која во оваа форма на презентација веднаш ги губи нејзините поетски својства, сведувајќи се на статистики, цели и предизвици. Не е баш некој начин да се слуша музика, нели?
Единствено што ни текнува приближно на ова, беше презентацијата на „Валерија", со тоа лавандите и ајкулите. Ама баш би сакале да видиме некоја исто така домашна во асли Пауер Поинт, посебно од народните. „Милион долари“ додуше може и со 3-Д принтер.
Бонус: Сличен богохулен обид со „Алелуја“