Следејќи ги светлите примери на други музичари кои напишаа книги за деца, како Кит Ричардс (за чијашто книга „Гас и јас" пишувавме тука), Мадона, Доли Партон и Пол Макартни, и Шефот реши да се соочи со најтешката публика, која не паѓа на подостарени рокенрол ѕвезди - децата. Книгата која се планира ќе се вика „Одметникот Пит", а се базира на истоимената песна на Брус од 2009, за едно бебе кое ограбува банка.
Издавачот Сајмон и Шустер ја најавува книгата како „медитација за гревот, судбината и слободната волја", што се надеваме дека нема да биде толку сериозно колку што звучи. Самата песна на Спрингстин е инспирирана од детска книга, „Храбриот каубој Бил", која мајка му му ја читала како мал. Истиот лик од книгата се преточил во песна, а сега се враќа назад на страниците на сликовницата која ќе биде објавена на 4. ноември.
До тогаш, еве ја песната