„Сан Ра секогаш викал дека потекнува од Сатурн". Вака почнува книгата за деца на Крис Рашка (Chris Raschka) под наслов „Космобиографија на Сан Ра: звукот на радоста е просветлувачка", за џез музичарот и филозофот кој имал такви идеи кои нам, на возрасните, може да ни изгледаат како основа за психијатриска дијагноза, но на децата не им се воопшто необични.
Рашка, писател и илустратор од Њујорк, веќе има издадено неколку детски книги чија тема се џез музичари, a до сега има пишувано за Џон Колтрејн, Чарли Паркер и Телониус Монк. Но последнава му е посветена на еден живописен и речиси надреален лик - Херман Пол Блоунт, или Сан Ра, џез композитор, пијанист и поет, познат по неговата „космичка филозофија", кои некои ја нарекуваат и „афрофутуризам".
Роден 1914 во Алабама, тој никогаш не постигнал мејнстрим успех, но е познат по експериментирањето со различни џез стилови и по тоа што бил еден од првите кои ја промовирал употребата на електрични клавијатури. Вонмузички пак, бил препознатлив по екстравагантната облека и по тоа што со себе постојано носел пасош кој велел дека потекнува од Сатурн.
Токму ваквата контроверзност на Рашка му изгледала како нешто на кое децата треба да бидат изложени, во смисла на слобода на духот и отвореноста кон нови идеи. Промоциите на неговите книги се придружени со свирење, пеење и играње, но според него раскажувањето на децата за џезот се допира и до важни прашања од американската историја, како борбата за граѓански права и рамноправноста. Токму тие општествени аспекти на џезот како и приказните за поединечните важни џез фигури се теми кои според него би требало да се застапени во основното и средното образование на Американците.
Стогодишнината од раѓањето на Ра беше повод некои медиуми да се сетат на неговото постоење, а iTunes да објави 21 негов албум, од кои повеќето до сега не биле достапни во дигитална форма.
Целиот The Sleeping Beauty (1979):