Најпознат по неговите комични улоги, од настапите во живо во 1970-тите, преку „Добро утро Виетнам", „Госпоѓа Даутфаер", „Џуманџи" или „Аладин", Вилијамс беше вистински забавувач. Но додека ги засмејувал другите, тој самиот страдал од тешки депресии и се лечел од зависности.
Ваквата кревка психолошка структура на професионалните забавувачи е и научно потврдена - стручното списание British Journal of Psychiatry неодамна објави извештај за истражување во кое биле вклучени 523 комичари, којшто вели дека комичарите покажуваат повисоки резултати од другите креативни типови, на пример од „обичните“ актери, во однос на четири психотични карактеристики, а највисоки во однос на анедонија - неспособност да се искуси задоволство од активности во кои луѓето вообичаено уживаат, како успех во кариерата и семејството, како и во однос на екстровертна импулсивност, која сигурно ви е јасна ако сте ги гледале настапите на Вилијамс во живо, кои се комбинација на хаотичност, еуфорија и благо лудило, кое нам ни беше смешно.
Во заклучокот на текстот се вели: „Оваа необична структура на личност може да е базата на талентот за комични изведби". Со други зборови - сензибилитетот кој медицината го опишува како манијакален, биполарен или невротичен всушност помага во комбинирањето идеи и формирањето нови, оригинални и смешни поврзувања. Но тој исто така може да доведе и до трагичен крај, кога истиот талент за „комбинирање идеи" не е доволен за да се избега од сопствените демони.
„Робин Вилијамс беше доктор, дух, дадилка, претседател, професор, Петар Пан и сè помеѓу", стои во изјавата на Белата куќа. Нам ќе ни остане во сеќавање не толку по неговите комични улоги, колку по оние во кои тој можеше, па дури и мораше, да ја покаже неговата меланхолична страна.
„Зошто читаме и пишуваме поезија" од „Друштвото на мртвите поети"
„Кралот на рибарите", каде Вилијамс го спасува Џеф Бриџис од...самоубиство