Проектот се вика After Dark, а прошетката низ музејот со помош на робот треба да симулира вистинска обиколка, без непотребните гужви, трошоци и дрндање од туристички водичи.
Проектот започнува онлајн утре во 22 часот, а роботите ќе бидат контролирани од корисници логирани каде и да е во светот. Тие можат да се движат секаде низ главните сали, имаат софистицирани сензори, но не можат да се движат по скали. Тест-возењата на роботите ги извршил астронаутот Крис Хадфилд, кој стана познат по неговата изведба на Space Odity од Боуви од вселената, и тие изгледа дека течат мазно, без судирања во ѕидови или во другите роботи. Единствениот момент кога можело да има проблем настанал кога роботот се приближил премногу блиску до мермерна фигура од Хенри Мур која почнала да се ниша, но потоа спокојно си продолжил по патот, без да нанесе штета.
Идејата е роботот да стане продолжение на вашиот ум, она што всушност технологијата и треба да го овозможи. Можете да се логирате тука, и да чекате да дојде вашиот ред да управувате со ова чудо, кое личи на некое необично суштество. Или на подна лампа.
Проектот ја доби наградата IK за дигитална иновација. Ова е видеото снимено по тој повод.