
На 15 години почнала да се лечи од алкохолизам, на 18 се запишала на студии по метафизика, а себеси во едно интервју се опишува како „Лолита изгубена во шумата". Меланхолично-еротично-ранливо-мистична, нејзината музика ја опишуваат како dream pop, а нејзината појава како носталгично потсетување на естетиката на '60-тите. На трите досегашни албуми чести се референците на книжевни дела, особено на Витман и Набоков, чии имиња ги има истетовирано на десната рака.
I Sing the Body Electric е инспирирана од истоимената песна на Витман од збирката „Страци трева", a e содржана и во „Тропико", краток филм со неколку песни од албумот Born to Die, во кој Лана ги рецитира и оригиналните стихови на Витман, како и целата Howl (Крик) на Гинзберг. Видеото е исто така проткаено со референци на „Загубениот рај" на Џон Милтон.
Tropico (27 мин)
Ликот на Набоковата Лолита е проткаен низ целиот претходно спомнат албум, од песни за врска на постар маж со млада девојка, до една со токму таков наслов:
Песната „Млади и убави" за филмската адаптација на „Големиот Гетсби" на Фицџералд
Трибјут на Коен, еден од омилените поети на Лана во тинејџерските години.
Насловот на новиот албум Ultra-Violence се однесува на прекумерното насилство во „Пеколниот портокал" на Ентони Бурџис
И за крај, убава обработка на песната за „Снежана" од 1950, за Maleficent со Анџелина Џоли. Книжевна референца: браќата Грим.